мини|Печуга адобада Адобада (шпански за „маринирана“), е подготовка за многу јадења што се вообичаени во мексиканската кујна слични на тако. Адобада е генерално свинско маринирано во „црвен“ чиле сос со оцет и оригано, но може да има и различни видови месо и на маринади, кои се поблиску до ал пастор. Генерално се служи на мала пченкарна тортиља заедно со динстан зеленчук и сирење.

Њу Мексико десно|мини| Црвени чили пиперки од Ново Мексико „Карне адовада“ е јадење со печено месо што е специјалитет во кујната на Њу Мексико. Во наједноставна форма, сировото свинско месо се сече на ленти или коцки и се става во голема пластична кеса со црвен чили во прав од Мексико или мелени црвени чили пиперки (хеч, чимајо или чиа пиперки), лук, оригано, ким, сок од лимета/лимон и /или оцет и сол, потоа се меша и се става во фрижидер да отстои преку ноќ. Јадењето се пече на тивок оган целосно завиткано во фолија за да се одржи месото влажно.

Друга верзија е обично свинско месо исечено на ленти и парчиња. Историски гледано, пред ладење, свинското месо било ферментирано во црвено чиле во сад со употреба на култури на бактерии лактобацилус. Ферментираното месо бил начин на зачувување и му давал „кисел“ вкус на свинското месо што објаснува зошто современите рецепти за адовада бараат малку бел оцет или сок од лимон/лимета. Црвеното чиле се подготвува „кон пелејо“ со парчиња кожа од чиле со зачини од свеж мелен лук, кумин, килантро, оригано, и семе од коријандер што може, но и не мора да се истолчат. Јадењето потоа се пече додека месото не стане меко, влажно и сочно одвнатре и додека е инкрустирано со полупечен и јасен екстериер, кој е скоро поцрнет. Другите верзии на црвено чиле и варено или печено свинско месо може да се означeн како „карне адовада“. Останатите верзии на црвено чили и пелехо од кожа од свинско месо се всушност познати како чиле Колорадо. Карне адовада може да се послужи со тортиља, грав и ориз или со свежа салата.

Друга верзија е пронајдена во центарот на Њу Мексико. Парчиња свинско месо се натопуваат во млеко и се тркалаат со суви состојки на црвено чили кон пелејо, лук во прав, сол и комино. Тие се оставаат во голем сад за пржење со чичарони и се пржат додека не станат крцкави однадвор и не станат нежни и сочни одвнатре.

Мексико десно|мини| Мексикански гуахило чили Во одредени држави во Мексико, карне адобада се однесува на маринирано свинско месо. Тоа е многу честа состојка за тако, во областа на државите Колима, Халиско и Мичоакан. Во некои делови на државата Гереро е позната како „карне енчилада“ што значи месо облечено во чили. Во областа „Хуастека“ (Сан Луис Потоси, Тампико, Веракрус и Идалго) може да се нарече „Сесина енчилада“. Сесина се однесува на тенко исечени стекови. Повеќето мексикански варијации на адобада користат гуахило или чипотел чиле за маринадата. И двете можат да бидат жешки и зачинети.

Комбинацијата на зачини, чили и оцет што се користи за маринадата се нарекува „адобо“ . Бројни рецепти и регионални варијации за зачините на адобо и даваат различни вкусови на карне адобада. Многу рецепти од Мексико користат зачини цимет, каранфилче, ловоров лист, и/или морско оревче, кои не се вообичаени во Ново Мексико како стил на јадење.

Галерија

Наводи

Категорија:Мексиканска кујна