Перо Латкоски (, ) – македонски универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Животопис Перо Латкоски е роден во Охрид во 1980 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје, тој дипломирал во 2004 година, магистрирал во 2006, а докторирал во 2010 година. На факултетот почнал да работи веднаш по дипломирањето како демонстратор, напредувал во асистент во 2006, доцент во 2010, вонреден професор во 20хх и редовен професор во 20хх година.
Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа публикувал над 60 трудови во реномирани меѓународни научни списанија и конференции. Автор е на книгата „Communication Protocol Engineering of Wireless Networks: Modeling and Optimization“ (VDM Verlag Dr. Müller, 2009). Активно учествувал во повеќе домашни истражувачки и апликативни проекти, како и во неколку научно-истражувачки проекти финансирани од FP6 и FP7 рамковната програма на ЕУ. Континуирано е побаруван како рецензент на научни трудови за меѓународните списанија и конференции од областа телекомуникации. Неговите истражувања се фокусирани на моделирање, анализа, оптимизација и протоколно инженерство на безжичните локални и персонални системи, како и широкопојасните безжични системи.
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Професори на ФЕИТ