Трајче Здравковски ( во — во ) — македонски партизан, учесник во НОВ.

Животопис Израснал во сиромашно семејство. Основно училиште завршил во Црешево. Се занимавал со земјоделство.

Есента 1944 година во селата на Скопска Црна Гора навлегле силни балистички сили со цел да ги ограбуваат. Тогаш Трајче стапил во редовите на 16 македонска ударна бригада и во нејзин состав учествувал во борбите против тие банди, против кои се борел и подоцна кога Бригадата продолжила дефинитивно да ги уништува на Косово.

Учествувал и во борбите на Сремскиот фронт. На 12 април 1945 година при пробивот на истиот, тој храбро загинал крај Шид.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ