мини|300x300пкс| Карта на Полуостровска Шпанија Полуостровска Шпанија се однесува на оној дел од шпанската територија сместена во рамките на Пиринејскиот Полуостров,List of publications, Google со што се исклучуваат другите делови на Шпанија: Канарските Острови, Балеарските Острови, Сеута, Мелиља и голем број островчиња и карпи кај брегот на Мароко познати заедно како места на суверенитет (plazas de soberanía). Во Шпанија е претежно познато едноставно како „la Península“ (Полуостровот). Има копнени граници со Франција и Андора на север; Португалија на запад; и британската територија Гибралтар на југ.

Многу жители на Полуостровска Шпанија имаат намера да го спојат тој регион со Шпанија како целина, непочитувајќи ги останатите територии споменати погоре.VV.AA (2009), De las naciones a las redes (En: From nations to networks). Barcelona: El cobre. pp. 38. .

Одлики Полуостровска Шпанија е со површина од 492.175 км² во површинаINE (National Statistical Institute) Annual Statistical Report 2006, Part 1: physical and environmental context - и според населението - 43.731.572.INE, 1 јануари 2013 Содржи 15 од автономните заедници во Шпанија.

Зафаќајќи го средишниот дел на Шпанија, таа поседува многу поголеми ресурси и подобри внатрешни и надворешни комуникации отколку другите делови на земјата. За да се поправи оваа нерамнотежа, шпанските жители надвор од полуостровот добиваат државна субвенција за превоз до и од полуостровот.El PP "garantiza" la subvención al transporte extrapeninsular pero tumba el blindaje de las ayudas, RTVE, 19 февруари 2013

Ова се општините со најголемо население:

Мадрид 3.207.247 Барселона 1.611.822 Валенсија 792.303 Севиља 700.169 Сарагоса 682.004 Малага 568.479 Мурсија 438.246 Билбао 349.356 Аликанте 335.052 Кордоба 328.704

Поврзано

Јужна Баскија, дел од историската Баскија која се наоѓа во Полуостровска Шпанија Полуостровци, жители од шпанските колонии, родени во Полуостровска Шпанија

Наводи

Категорија:Географија на Шпанија