Заградничка Чука — археолошко наоѓалиште во прилепското село Витолиште. Претставува утврдена населба од доцноантичко време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на 2 километри североисточно од селото, над составот на Заградничка и Церовечка Река, каде што има доминантна чука со издолжено плато на врвот.
Опис
На наоѓалиштето има остатоци од моќен одбранбен бедем од ѕидан камен и варов малтер. По површината на платото кое зафаќа простор од 1,5 хектар, се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, покривни ќерамиди, монети и други ситни наоди.
Поврзано Бојков Дол — населба од доцноантичкото време; Влајкова Чешма — населба од римското време; Вртко Ливада — населба од доцноантичкото време; Горе Река - Пртева Ливада — населба од римското време; Гробишта Св. Илија — некропола од римското време; Ѓерек — населба од римското време; Задна Река - Грмајте — населба со некропола од доцноантичкото време и некропола од средниот век; Каравашчина — населба од доцноантичкото време; Ковачево — населба од доцноантичкото време; Лачникот — некропола од римското време; Лигораса — населба од доцноантичкото време; Моклиште — населба од римското време; Полените — населба од римското време; Пртева Ливада — населба од доцноантичкото време; Св. Петка – Голем Даб — населба од доцноантичкото време и раниот среден век; Св. Харалампија — некропола од римското време; Сињак — населба од доцноантичкото време; Царичина Нива — населба од неолитското и римското време; Црква Св. Атанас — осамен наод од римското време; Црквиште - Урвич — населба од средниот време; Шупливец — населба од римското време; Св. Петка-тумули — некропола од железното време; Витолиште; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Витолиште