Средна Падина — археолошко наоѓалиште во прилепското село Витолиште. Претставува населба од доцноантичкото време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на една мала висорамнина, оддалечена 500 метри јужно од селото.
Опис
На наоѓалиштето се евидентирани темели од објект граден од кршен камен и варов малтер. На неколку пати селаните откопувале питоси од кои два се чуваат во куќите на Боге и Стојан Стојаноски.
Поврзано Во Селото — осамен наод од доцноантичко време; Градишка Тумба — населба од доцноантичко време; Козјаник — населба од доцноантичко време; Папрадишки Рид — населба од доцноантичко време; Писаник — населба од доцноантичко време; Солишка Падина — населба од доцноантичко време; Трнка — населба од доцноантичко време; Црнелица — населба од доцноантичко време; Гуѓаково; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Гуѓаково