алт=Росарио Флорес|мини|Росарио Флорес шпанска пејачка, композитор и глумица Росарио дел Кармен Гонсалес Флорес попозната како Росарио Флорес е шпанска пејачка, композитор и глумица со цигански корени. Таа е родена на 4 ноември 1963 година и е двократна добитничка на латинската Греми награда.
Родена е во Мадрид, Шпанија, како ќерка на Антонио Гонсалес ('Ел Пескаила') и познатата пејачка Лола Флорес. Таа е сестра на пејачката Лолита Флорес и на текстописецот Антонио Флорес. Таа има ќерка со своето поранешно момче Карлос Орелана. Нејзиниот втор син, Педро Антонио, е роден на 21 јануари исто како и неговата баба Лола Флорес. Росарио и Педро Лазага, нејзиниот партнер и татко на нејзиниот втор син, се запознале додека го снимале филмот на Педро Алмодовар, Зборувај со неа во 2001 година.
Награди и номинации
Латински Греми награди Наградите Латински Греми се доделуваат секоја година од Латинската академија за уметност и наука за снимање во САД. Флорес има добиено две награди од седум номинации.
Дискографија
На право (1992) Чувствувам (1995) Да се живее многу (1996) Играј лудо (1999) Многу цвеќиња (2001) Од илјада бои (2004) Со тебе одам (2006) Дел од мене (2008) Кажи ми (2009; саундтрак за 11-та сезона на шпанската ТВ серија Кажи ми како се случи тоа) Рагатриски (2011) Росарио (2013) Глорија а ти (2016)
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Преглед на Cuéntame (англиски)
Категорија:Шпански пејачки Категорија:Ромски музичари Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1963 година