Марија Календар (, ) – македонски универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Животопис Марија Календар е родена во Скопје во 1979 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирала во 2002 година, магистрирала во 2007, а докторирала во 200х година. Во текот на факултетското образование секоја година била наградувана за успешните студии. Како најдобар дипломиран студент од својата генерација е наградувана од Факултетот, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а добитник е и на златен прстен од Инженерската институција на Македонија. На Факултетот, таа почнала со работа во 2002 година како помлад асистент, напредувала во асистент во 2008, доцент во 20хх и вонреден професор во 20хх.

Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа учествувала во изработката на повеќе публикувани научно-истражувачки трудови. Соавтор е на неколку стручни книги од областите на компјутерски софтвер и хардвер, како и на два учебника за средно образование. Член е на меѓународните професионални здруженија IEEE и ACM. Полињата на професионален интерес вклучуваат проценка на перформанси и моделирање на компјутерски системи и компјутерски мрежи, P2P компјутерски мрежи и сообраќај, моделирање на безбедност на мрежни системи.

Наводи

Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Професори на ФЕИТ