Стрелиција (науч. Strelitzia) — род од пет вида повеќегодишни растенија, со потекло од Јужна Африка. Припаѓа на растителното семејство Strelitziaceae. Родот го носи името на војводството Мекленбург-Стрелиц, родното место на кралицата Шарлот од Велика Британија. Вообичаено име на родот е рајско цвеќе / цветот рајска птица, поради сличноста на нејзините цвеќиња со рајските птици.
Некои видови се широко одгледувани како украсни растенија на отворено, а некои на затворено во саксии. Стрелицијата е зимзелено растение, која во своето природно живеалиште расте како диво растение. Нивните лисја се како лисја од банана, а пламениот цвет е како глава на рајска птица.
Опис Видот николајска стрелиција е најголем во родот, достигнувајќи 10 метри висина, со одлични бели и сини цвеќиња; другите видови обично достигнуваат висина од 2 до 3,5 метри. Тие се повеќегодишни растенија, со дрвенести стебла или тревни без стебла, образувајќи густи групи на бројни ластарки. Лисјата се големи и долги 30 — 200 см и широки 10 — 80 см распоредени спротивно во два реда во една рамнина, образувајќи „вентилатор“. Цветовите се исклучителни, со особен облик.
Размножување Тие се опрашуваат од нектарниците (сончеви птици). Стрелицијата нема природни опрашувачи како инсекти; затоа во области без нектарници, на растенијата од овој род обично им е потребно рачно опрашување со цел успешно да има семе.
Видови Пет вида се препознаваат:
Strelitzia alba (бела стрелиција) Strelitzia caudata (планинска стрелиција) Strelitzia nicolai (николајска стрелиција) Strelitzia reginae (кралска стрелиција) Strelitzia juncea
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Ѓумбировидни