десно|мини|210п|Знаме на Германија Германци (германски: Deutsche) се етничка група што дели иста германска култура, односно чии припадници го зборуваат германскиот како мајчин јазик и имаат германско потекло. Германци исто така се викаат и носителите на германско државјанство.
Најголемиот број Германци живеат во Германија (59,3 милиони). Од вкупно 100 милиони говорници на германскиот јазик во светот, околу 75 милиони се сметаат за Германци. Постојат и други 70 милиони луѓе со германско потекло (главно во САД, Бразил, Аргентина, Казахстан и Канада) чиј мајчин јазик не е германски, но кои сепак се сметаат за етнички Германци, со што вкупниот број на Германци во светот е помеѓу 75 и 160 милиони, во зависност од критериумот (германски како мајчин, целосно германско потекло или делумно германско потекло). Во САД, 15,2% од државјаните се декларираат како германски Американци, според пописот од 2000 година, што е повеќе од сите други етнички групи.
Германците како тема во уметноста и во популарната култура „Германските девојки“ (Deutscher Girls) — песна на британската панк-рок група „Адам енд д антс“ (Adam & The Ants) од 1982 година.Discogs, The Original Adam & The Ants* – Deutscher Girls (пристапено на 4.9.2019)
Германците како тема во книжевноста Според Гете, Германците се „чуден свет“, зашто тие „си го отежнуваат животот со длабоки мисли и идеи, кои ги бараат сите и секаде ги применуваат“.J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 7. Понатаму, според него, „Германците не можат да се ослободат од малограѓанштината“.J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 20. Во своето дело „Ecce homo“, германскиот филозоф Фридрих Ниче вели дека „без сомнение, Германците се идеалисти“,Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 142. но зборува и за „нивното невоспитување in historicis“,Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 143. тврдејќи дека тие ги имаат на душа „сите големи културно злосторства во текот на четири столетија“, а сето тоа предизвикано од нивниот „кукавичлук пред реалноста“.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 145. Воопшто, Ниче се сметал себеси за „презирач на Германците par excellence“,Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 147. велејќи: „Германците за мене се невозможни“.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 148. Во романот „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“, српскиот писател Светислав Басара вели дека организираноста, педантеријата и дисциплината на Германците претставуваат истовремено нивна предност и проклетство.Svetislav Basara, Uspon i pad Parkinsonove bolesti. Beograd: Dereta, 2011, стр. 120. Во романот „Старите мајстори. Комедија“, австрискиот писател Томас Бернхард пишува дека наклонетоста кон извештаченоста е едно од најистакнатите својства на Германците.Tomas Bernhard, Stari majstori. Komedija. Beograd: LOM, 2019, стр. 58. Рускиот писател Иван Гончаров во својот роман „Обломов“ пишува за “грубоста, самостојноста и надуеноста со која германската маса насекаде ги истакнува своите права стекнати во текот на илјада години“ при што во германскиот карактер нема „никаква благост, деликатност, скроност“, а Германците „се држат цврсто и не отстапуваат од она што им е всадено“ и по секоја цена се придржуваат кон правилата.Иван А. Гончаров, Обломов (роман у четири дела). Нови Сад: Матица српска, 1949, стр. 175-176.
Наводи
Категорија:Народи Категорија:Германци