мини|Сириски бегалци во објектот за сместување во Килис Онџупинар Доселувањето во Турција е процес со кој луѓето мигрираат во Турција за да престојуваат во земјата. Многумина, но не сите, стануваат турски државјани. По распаѓањето на Отоманското Царство и по Турската војна за независност, егзодусот од страна на голем дел турски и муслимански народи од Балканот (Балкански Турци, Албанци, Бошњаци, Помаци), Кавказ (Абхази, Аџари, Черкези), Чеченци), Крим (Кримски Татари) и Крит (Критски Турци) довел до нивно засолнување во денешна Турција и ги обликување на основните одлики на земјата. Трендовите на доселување кон Турција продолжуваат до ден-денес, иако мотивите се поразновидни и обично се во согласност со моделите на глобалните движења за доселување. Мигрантската криза во Турција била период во текот на 2010-тите, која се одликува со голем број луѓе кои пристигнувале во Турција.

Историја мини|250x250пкс|Мухаџири кои пристигнуваат во Цариград (Истанбул), Отоманско Царство, во 1912 година. Тие се проценуваат на 10 милиони османлиски муслимански граѓани и нивните потомци родени по почетокот од распадот на Отомансско Царство Историски гледано, Отоманското Царство претставувало примарна дестинација за муслиманските бегалци од областите освоени - или повторно освоени - од христијанските сили, особено Русија во областите на Кавказ и Црното Море Австроунгарија, Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора (подоцна Југославија) и Романија на Балканот. Како и да е, Отоманското Царство било исто така популарна дестинација за немуслиманските бегалци: најочигледни примери се сефардските Евреи кои добиле прибежиште главно во 16 век со протерувањето на Евреите од Шпанија и Португалија, чии потомци го сочинуваат јадрото на заедницата Евреи во Турција денес. Од 1930-тите до 2016-та миграцијата додала два милиони муслимани во Турција. Мнозинството од овие доселеници биле Балкански Турци кои се соочувале со малтретирање и дискриминација во своите татковини. Новите бранови на Турците и другите муслимани протерани од Бугарија и Југославија помеѓу 1951 и 1953 година биле проследени во Турција со друг егзодус од Бугарија во 1983–89 година, со што вкупниот број имигранти се искачил на скоро десет милиони луѓе.. Во поново време, Турците Месхети емигрирале во Турција од земјите на поранешниот Советски Сојуз (особено во Украина - по анексијата на Крим од Руската Федерација во 2014 година), и многу ирачки Туркмени и сириски Туркмени се засолниле во Турција поради неодамнешната Ирачка војна (2003-2011) и Сириска граѓанска војна (2011 година - денес)

Почетни граници на Договорот од Лозана Одлуката донесена од страна на Турската влада на крајот на 1925 година, на пример, забележала дека Турците на Кипар, според Договорот од Лозана, имаат право да емигрираат во републиката, и затоа, на семејствата што емигрирале им била дадена куќа и доволно земјиште.. Економските мотиви одиграле важна улога во миграцискиот бран на кипарските Турци бидејќи условите за сиромашните во Кипар во текот на 1920-тите биле особено тешки. Ентузијазмот да се исели во Турција бил надуен од еуфоријата што го поздравило раѓањето на новооснованата Република Турција, а подоцна и од ветувањата за помош на Турците кои емигрирале. Точниот број на оние кои емигрирале во Турција е прашање што останува непознато.. Печатот во Турција објавил во средината на 1927 година дека од оние кои се одлучиле за турска националност, 5.000-6.000 кипарски Турци веќе се населиле во Турција. Сепак, многу кипарски Турци веќе емигрирале дури и пред да стапат на сила правата што им се дадени според Договорот од Лозана.. Сент Џонс се обидел прецизно да го процени вистинското демографско влијание на доселувањето на кипарските Турци во Турција помеѓу 1881-1931 година:

Размена на население меѓу Грција и Турција, 1923 година Размената на населението меѓу Грција и Турција придонело 400.000 нови жители на Турција. Во 1923 година, повеќе од половина милион муслимани од различни националности пристигнале од Грција како дел од размена на население помеѓу Грција и Турција (размената на население не се засновала на етничка припадност, туку според верска припадност; бидејќи Турција се сметала за муслиманска земја, додека Грција како христијанска земја).

Во една статија објавена во „The Times“ на 5 декември 1923 година, се вели дека:

Единствените исклучоци од присилното пренесување биле Грците кои живеле во Цариград (Истанбул) и Турците од Западна Тракија.. Останатите Турци кои живеат во Грција оттогаш континуирано емигрирале во Турција, процес што е олеснет со членот 19 од законот за грчка националност што грчката држава го искористи за да негира повторно влегување на Турците кои ја напуштаат земјата, дури и за привремени периоди, и им го одзела државјанството.. Од 1923 година, помеѓу 300.000 и 400.000 Турци од Западна Тракија го напуштиле регионот, повеќето од нив заминале во Турција..

Протерувања од Балканот и Русија, 1925-1961 година По 1925 година, Турција продолжила да прифаќа муслимански доселеници кои зборуваат турски јазик и не го обесхрабрува емиграцијата на припадниците на нетурските малцинства. Повеќе од 90% од сите имигранти пристигнале од балканските земји. Турција продолжила да прима голем број бегалци од поранешните османлиски територии, сè до крајот на Втората светска војна.

Турција примила 350.000 Турци помеѓу 1923 и 1930 година. Од 1934–45 година, во Турција дошле 229.870 бегалци и доселеници.Islam, Secularism and Nationalism in Modern Turkey: Who is a Turk, Soner Cagaptay, page 1824, 2013 Договорот склучен на 4 септември 1936 година помеѓу Романија и Турција им овозможил на 70.000 романски Турци да го напуштат регионот Добруџа и да заминат во Турција.. На пример, од 1935–40 година, приближно 124.000 Бугари и Романци со турско потекло емигрирале во Турција, а помеѓу 1954–56 година околу 35.000 муслимански Словени емигрирале од Југославија. Повеќе од 800.000 луѓе заминале во Турција помеѓу 1923 и 1945 година.emal Kirişçi, 'Post Second World War Immigration from Balkan Countries to Turkey', New Perspectives on Turkey, Vol. 12, Spring 1995, p. 65. Германските и австриските бегалци кои избегале од нацизмот се оддалечиле во Турција во 30-тите години на минатиот век. Околу 800 бегалци, вклучително универзитетски професори, научници, уметници и филозофи, побарале азил во Турција помеѓу 1933 и 1945 година. Дополнителни 160.000 лица се доселиле во Турција по воспоставувањето на Комунистичка Југославија од 1946 до 1961 година. Од 1961 година, имигрантите од Југославија изнесувале 50 000 луѓе..

До 60-тите години на минатиот век, жителите кои живееле во турската ексклава Ада Кале биле принудени да го напуштат островот кога тој бил уништен со цел да се изгради хидроцентралата „Железна порта I“, што предизвикало истребување на локалната заедница преку миграцијата на сите поединци во различни делови на Романија и Турција..

До 1980 година, Турција примила приближно 1.300.000 доселеници; 36% дошле од Бугарија, 25% од Грција, 22,1% од Југославија и 8,9% од Романија. На овие доселеници од Балканот, како и помал број на имигранти од Кипар и Советскиот Сојуз, им било доделено целосно државјанство по нивното пристигнување во Турција. Тие биле населени првенствено во регионите Мармара и Егејско Море (78%) и во Централна Анадолија (11,7%)..

Протерувања од Кипар Кипарска вонредна состојба претставувала судир кој се водел во Британски Кипар помеѓу 1955 и 1959 година. Според Али Суат Билге, имајќи ги предвид масовните миграции од 1878 година, Првата светска војна, рана ера на турските републиканци во 1920-тите и Втората светска војна, вкупно околу 100.000 кипарски Турци го напуштилеостровот за Турција помеѓу 1878-1945 . До 31 август 1955 година, во изјавата на државниот министер на Турција и вршител на должноста министер за надворешни работи, Фатин Русту Зорлу, на Лондонската конференција за Кипар, се вели дека:

До 2001 година, Министерството за надворешни работи проценило дека 500.000 кипарски Турци живеат во Турција.

Заливска војна мини|300x300пкс| Ирачките Курди бегаат во Турција во април 1991 година, за време на Заливската војна Милиони Курди побегнале преку планините кон Турција и курдските области во Иран за време на Заливската војна .

Голема екскурзија, 1988-1994 „Големата екскурзија“ е последниот имиграциски прилив на бугарските Турци и Бошњаците. Во 1989 година, околу 320.000 бугарски Турци избегале во Турција за да избегаат од кампањата на присилна асимилација. По распадот на комунизмот во Бугарија, бројот на бугарски Турци кои побарале засолниште во Турција се намалил на помалку од 1.000 месечно. Всушност, бројот на бугарски Турци кои доброволно се вратиле во татковина - 125.000; всушност ги надминал новите пристигнувања од земјата. До март 1994 година, вкупно 245.000 бугарски Турци добиле турско државјанство. Сепак, Турција повеќе не ги смета бугарските Турци како бегалци. Почнувајќи од 1994 година, новите учесници во Турција се приведени и депортирани. Од 31 декември 1994 година, околу 20.000 Бошњаци живееле во Турција, претежно во областа Истанбул. Околу 2.600 живееле во логори; останатите биле расфрлани во приватни резиденции.

Предколонијална миграциска криза, 1522-1701 Првата миграциска криза во Турција започнала во 1522 година, кога Ибн Кемал (османлиски историчар) ги запишал своите откритија за околу 6,2 милиони турски граѓани кои мигрирале од либијските, средноарапските, ирачките и либанските територии на север и јужноевропските територии (сепак мнозинството мигрирале на југ) како што се Шпанија, Италија, Франција и до одреден степен Германија. Се смета дека причината за масовната имиграција се должи на владиното сузбивање на правата за нетурските и анадолските Арапи.

Миграциска криза во Турција Мигрантската криза во Турција или бегалската криза во Турција е период во текот на 2010-тите, кој се одликува со голем број луѓе кои пристигнуваат во Турција. Пријавена од УНХЦР во 2018 година, Турција е домаќин на 63,4% од сите бегалци (од Блискиот Исток, Африка и Авганистан) во светот. Од 2019 година, бегалците од Сириската граѓанска војна во Турција (3,6 милиони) претставуваат највсок процент на „регистрирани“ бегалци. Турција традиционално била главно транзитно пристаниште за влегување на илегални имигранти во Европската унија, но како што Турција растелае во богатство, денес земјата претставува идеална фокусна точка за илегално доселување.

Заштита Турција е дел од извршниот комитет на УНХЦР и земја-членка на ИОМ.

Конвенции што се применливи во Турција:

Конвенција на Обединетите нации во врска со статусот на бегалците , Конвенција во врска со статусот на лица без државјанство , Конвенција на Обединетите нации за правата на детето Меѓународна конвенција за заштита на правата на сите мигранти и членови на нивните семејства Протокол за спречување, сузбивање и казнување на трговија со луѓе, особено жени и деца Конвенција на Советот на Европа за акција против трговија со луѓе

Конвенции што не се применливи во Турција:

Конвенција за миграција за вработување на Меѓународната организација на трудот (МОТ) Конвенција на Обединетите нации за намалување на бездржавјанството , Конвенција за мигранти работници (дополнителни одредби), 1975 година

Прописи

Прописи за бегалци, азиланти, транзитни мигранти достапни на веб-страницата:Law on Foreigners and International Protection and the Temporary Protection, 2014, http://www.goc.gov.tr/files/files/eng_minikanun_5_son.pdf

Еден и повеќе страничен дијалог Турција била претседавач на Глобалниот форум за миграција и развој. Турција била домаќин на Светскиот хуманитарен самит во 2016 година. Турција учествува во билатерални преговори за миграција, дискусии и консултации, особено со земјите-членки на ЕУ. Примери се:

Процес на Будимпешта, Прашки процес, Процес на Алмати Процес на Бали.