Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Ранченци.
Местоположба Црквата е сместена во крајниот источен дел од селото.
Историја Црквата е изградена во XIX век. Иконите се изработени во истиот период, но не е познато кој е нивниот автор. Непознато е и од кој архијереј е осветена.„Светиниколски парохии “. Брегалничка епархија.
Архитектура Градбата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната стана. Кон западната и јужната стана е доградена отворена припрата, а кон северната страна е дограден понизок помошен објект. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а храмот има и спореден влез на јужната страна. Над главниот влез има ниша со фреска на Свети Георги. Од левата страна пред главниот влез, припратата е преградена и во тој дел има молитвен простор. Непосредно пред главниот влез на црквата, на кровот од припратата е закачено ѕвоно. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.
Галерија
Поврзано Ранченски манастир Црква „Св. Недела“ - Ранченци Ранченци Брегалничка епархија Штипско архијерејско намесништво Прва светиниколска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ранченци Ранченци