ФК Арсенал () е англиски професионален фудбалски клуб од Холовеј, Северен Лондон. Тимот игра во Англиската Премиер Лига и е еден од најуспешните во англискиот фудбал, со освоени 10 трофеи во Англиска Прва Дивизија, 3 во Англиската Премиер Лига и 12 ФА Купови. Исто така клубот важи за еден од најдобрите во светот.

Основан е во 1886 година во Вулич, југоисточен Лондон од страна на работници во Кралскиот Арсенал. Својот прв голем трофеј го освоиле во 30те, а тој трофеј го проследиле со освојување уште 5 прволигашки титули и 2 ФА Купови. Во повоениот период Арсенал стана втор клуб во Англија кој освоил Двојна Круна. Тоа го направил во сезоната 1970-71. Оттогаш Арсенал станал еден од најуспешните клубови во Англија, освојувајќи уште две Двојни Круни, Премиер Лигата 2003-04 без пораз (втор клуб кој успеал да направи вакво нешто, прв во Премиер Лигата) а во 2005-06 стана првиот лондонски клуб кој стигнал до финалето на Лигата на Шампиони.

Клубот од своето основање игра со црвено-бели дресови, кои со текот на годините го имаат променето единствено дизајнот. Арсенал се има преселено, од Вулич каде што бил основан, на стадионот Арсенал во Хајбери Северен Лондон во 1913. Во 2006 клубот повторно се пресели, овојпат 500 метри на запад на новиот Стадион Емирати во Холовеј.

Арсенал имаат голем број навивачи, во Лондон но и во остатокот од Велика Британија и светот. Клубот има и долги соперништва со неколку клубови од Англија. Меѓу најдолгите е она со локалниот соперник Тотенхем Хотспар. Меѓу двата клуба редовно се одигрува познатото Северното Лондонско Дерби. Арсенал е еден од најбогатите клубови во Англија, со проценета вредност од околу 600 милиони фунти во 2007.

Историја  18px Поподробно за оваа тема, видете во Историја на Арсенал ФК (1886–1966) и Историја на Арсенал ФК (1966–сегашност).

Арсенал е основан под името Дајл Сквер во 1886 од работници во Кралскиот арсенал во Вулич, но набрзо бил преименуван во Кралски Арсенал. Тимот повторно го променил името во Вулич Арсенал, кога се здобил со професионален статус во 1891. Клубот влегол во Фудбалската Лига во 1893, почнувајќи во Втората Дивизија, а се изборил и за влез во Првата Дивизија во 1904. Сепак географската изолација резултирала со помала посетеност на натпреварите споредено со другите клубови што довело до сериозни финансиски проблеми и прогласување на банкрот во 1910, кога клубот бил купен од Хенри Норис. Норис имал намера да го пресели клубот, па во 1913 година, по испаѓањето од Првата Дивизија, Арсенал се преселил на новиот стадион Арсенал во Хајбери, Северен Лондон; „Вулич“ бил отфрлен од името следната година. Арсенал завршиле на петто место во 1919, но сепак им била дадена дозвола да се приклучат на Првата Дивизија (која била проширена за две нови места) на сметка на локалните соперници Тотенхем Хотспур. Фактот дека Арсенал нема испаднато оттогаш е доказ дека е клуб кој има континуитет, а не само повремени добри серии.

right|thumb|200px|Капитенот на Арсенал Патрик Виера го подига трофејот на Премиер Лигата во 2003–04. right|thumb|200px|Играчите и навивачите на Арсенал ја прославуваат тиитулата во 2004. Во 1925 година, Арсенал го поставиле Херберт Чепман за менаџер. Чепман веќе ја имал освоено лигата двапати со Хадерсфилд Таун во 1923-24 и 1924-25, па со искуството кое го имал го донел првиот период на големи успеси за клубот. Неговите револуционерни тактики и тренинг политиката, заедно со потпишувањето на ѕвезди како Алекс Џејмс и Клиф Бастин, биле темел за доминацијата во англискиот фудбал во триесеттите. Под негово водство Арсенал ги освоиле своите први големи трофеи - ФА Купот во 1929-30 и две титули во Првата Дивизија, во 1930-31 и 1932-33. Чепман исто така бил одговорен за преименувањето на локалната станица од подземната железница од „Гилеспи Роуд“ во „Арсенал“, со што станала единствена станица именувана по фудбалски клуб.

Чепман умрел ненадејно од пневмонија во почетокот на 1934 но Џо Шо и Џорџ Алисон продолжиле со добрата работа која тој ја започнал. Под нивно водство Арсенал освоиле уште три титули во 1933-34, 1934-35 и 1937-38 и еден трофеј во ФА Купот во 1935-36, но формата на тимот почнала да опаѓа до крајот на деценијата кога натпреварувањата во англискиот професионален фудбал биле прекинати поради Втората светска војна.

По војната, под водство на наследникот на Алисон Том Витакер, Арсенал поминал низ втор период на успеси, освојувајќи ја лигата во 1947-48 и 1952-53 и ФА Купот 1949-50. Сепак, среќата ги напуштила; откако тимот не успеал да привлече играчи од ист калибар коко тие во 30те, ги поминале 50те и 60те без ниту еден трофеј. Дури и назначувањето на поранешниот англиски капитен Били Рајт за менаџер, меѓу 1962 и 1966, не му донело на клубот некој позначаен успех.

Арсенал почнал да освојува пехари повторно по изненадувачкото назначување на клупскиот физиотерапевт Берти Ми за менаџер во 1966. По губење на две финалиња во Лига Купот, го освоиле Купот на Саемски Градови (претходник на денешниот Куп на УЕФА), нивниот прв европски трофеј, во 1969-70. Следната сезона, 1970-71, имале уште поголем триумф: ја освоиле нивната прва Двојна Круна. Сепак, тимот кој ја освоил Двојната Круна бил растурен и следната деценија била одбележана со настапи во кои тимот „за малку“ не освојувал трофеј. Завршиле на второто место во лигата во 1972-73, изгубиле во три финалиња на ФА Купот, во 1971-72, 1977-78 и 1979-80, и изгубиле на пенали во финалето на Купот на Победниците на Куповите. Единствениот успех на клубот во овој период била победата во финалето на ФА Купот во 1978-79, со 3:2 во последните минути од натпреварот над Манчестер Јунајтед, натпревар кој се смета за класика.A 2005 poll of English football fans rated the 1979 FA Cup Final the 15th greatest game of all time. Reference:

Доаѓањето на поранешнито играч, Џорџ Греам на менџерската позиција во 1986 довело до трет период на слава. Арсенал го освоил Лига Купот во сезоната 1986-87, уште во првата сезона под водство на Греам. По ова тимот ја освоил лигата во 1988-89, освоена со гол во последната минута од последниот натпревар против директниот конкурент за титулата Ливерпул. Под водство на Греам Арсенал освоиле уште една титула во 1990-91, со само еден пораз, двата купови во 1992-93 и втор европски трофеј, Купот на Победниците на Куповите, во 1993-94. Но репутацијата на Греам била оцрнета откако се дознало дека примал мито од агентот Руне Хауге за потпишување на одредени играчи.Греам бил суспендиран на една година од Фудбалската Асоцијација за вмешаноста во скандалот откако признал дека примил „подароци“ од Хауге. Reference: Случајот е детално разработен во и бил отпуштен во 1995. Неговата замена Брус Риох бил на позицијата само една сезона, по што си заминал поради кавга со управниот одбор.

Успесите на клубот во доцните 1990-тите и во почетокот на новиот век се должи на назначувањето на Арсен Венгер за менаџер во 1996 година. Арсен Венгер е првиот менaџер во историjата, кој не бил од Обединетото Кралство. Венгер донесе нови тактики, нов тренинг режим и неколку странски играчи кои го надополнија англискиот талент во клубот. Арсенал освои втора Двојна Круна 1997-98 и трета во 2001-02. Клубот исто така стигна и до финалето на Купот на УЕФА во 1999-00, но изгуби на пенали од Галатасарај. Го освои ФА Купот во 2002-03 и 2004-05 и Премиер Лигата во 2003-04 без ниту еден пораз, со што тимот се здоби со прекарот „Непобедливи“; серија која продолжи до 49 натпревари без пораз, рекорд во англискиот фудбал.

Арсенал завршил како прв или втор во лигата во осум од единаесетте сезони под водство на Венгер. Тие се еден од четирите клубови (заедно со Манчестер Јунајтед,Блекбурн Роверс и Челси) кои ја освоиле Премиер Лигата од нејзиното формирање во 1993, но не успеале да ја одбранат ниту еднаш. До неодамна, Арсенал немаа поминато подалеку од четврт-финалето на Лигата на Шампионите; но во 2005-06, стигнаа до финалето, со што станаа првиот лондонски клуб на кој му успеало тоа во педесетгодишната историја на ова натпреварување, но изгубија со 2:1 од Ф.К. Барселона. Во јули 2006, клубот се пресели на новиот стадион Емирати, по 93 години на Хајбери.

Грб thumb|160px|Првиот грб на Арсенал од 1888. thumb|160px|Грбот на Арсенал користен од 1949 до 2002. Првиот грб на Кралскиот Арсенал, откриен во 1888, имал три топови гледани одозгора, насочени на север, слично како на грбот на Градската Општина Вулич. Овој грб бил отфрлен по преселувањето на Хајбери во 1913. Во 1922 клубот го прифатил својот прв грб со само еден топ, на кој топот бил насочен на исток и прекарот на клубот - Топчии, напишан покрај него. Овој грб важел само до 1925 кога топот бил свртен на запад и му била дадена потенка цевка. Во 1949 клубот го претставил новиот модернизиран грб, со истиот топ, името на клубот напишано со Готски фонт, грбот на Ајлингтон и свиток со новоприфатеното латинско мото Victoria Concordia Crescit (кое значи „Победата доаѓа од слога“), напишано од Хери Хомер, клупскиот програмски уредник. За првпат грбот бил претставен со бои, кои се менувале по малку со тек на време, стигнувајќи до црвена, златна и жолта.

Поради бројните ревизии на грбот, не било можно да го патентираат, иако клубот успеал да го регистрираат како заштитена марка и воделе судски спор (кој го добиле) против локален уличен трговец кој продавал неофицијална стока од Арсенал. Во потрага по подобра правна заштита во 2002 беше воведен новиот грб со модерни заоблени линии и поедноставен стил, кој можеше да се патентира. Топот повторно беже свртен исток, името на клубот беше напишано со sans-serif фонт над него. Зелената беше заменета со темносина. Новиот грб беше лошо пречекан од некои навивачи. Асоцијацијата на Независни Навивачи на Арсенал тврдеше дека клубот ја игнорирал историјата и традицијата со радикалниот модерен дизајн и дека навивачите не биле соодветно консултирани околу тоа.

Бои

Во најголем дел од историјата на клубот, домашните дресови биле светлоцрвени со бели ракави и бели шорцеви, иако дезенот се менувал. Изборот на црвената боја е во знак на признание на донацијата од Нотингем Форест, накусо по основањето на Арсенал во 1886. Двајца од основачите на Дајл Сквер, Фред Бердсли и Морис Бејтс биле поранешни играчи на Нотингем кои се преселиле во Вулич поради работа. Бидејќи тие го основале првиот клуб во околината, не можеле да најдат соодветни дресови, затоа Бердсли и Бејтс побарале помош од Форест и добиле комплет опрема и една топка. Дресовите биле темноцрвени, речиси бордо и биле носени со бели шорцеви и темносини чорапи.

Во 1933 Херберт Чепман, кој сакал неговите играчи да бидат облечени поразлично и позабележително, го ревидирал дресот, додавајќи бели ракави и осветлувајќи ја црвената нијанса. Потеклото на белите ракави не е познато, но постојат две приказни за можната инспирација на Чепман. Едната е дека Чепман забележал навивач кој носел црвен елек над бела кошула; а другата е дека бил инспириран од аниматорот Том Вебстер, кој му бил голф партнер на Чепман. Без разлика која верзија е точна, црвено-белиот дрес стана заштитен знак на Арсенал, и играчите го носат оттогаш, со исклучок на две сезони. Првата е 1966-67, кога тимот носел целосно црвени дресови. Ова се покажало како непопуларно и белите ракави биле вратени следната сезона. Втората беше 2005-06, последната сезона која Арсенал ја играше на Хајбери, кога тимот носеше комеморативни темноцрвени дресови слични на оние кои биле носени во 1913, нивната прва сезона на стадионит. Клубот се врати на своите црвено-бели дресови на стартот на сезоната 2006-07.