Србин Јованчев Паровски ( ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 7 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во сите борби против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје во состав на Бригадата ја продолжил борбата на Косово. Таму биле разоружани и дефинитивно уништени заостанатите балистички банди. По извршувањето на овие борбени задачи заминал за Срем, каде учествувал во завршните операции. На 16 април 1945 година во борбата кај Будровци во Хрватска, загинал. Неговите посмртни останки биле пренесени и погребани во неговото родно село Булачани.
Поврзано
Благоја Паровски Борис Паровски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ