Меланхолија (норвешки: Melankoli; исто така позната како Јапе на плажа, Љубомора или Вечер) ― слика на норвешкиот уметник Едвард Мунк. Мунк насликал повеќе варијантни верзии на експресионистичкото маслено дело на платно во периодот 1891–1893 година. На сликата е прикажан човек со главата потпрена во раката, замислено расположение на работ на крајбрежјето.
Вдахновението за сликата била несреќна романтична афера во која бил вмешан пријателот на Мунк, Јапе Нилсен. Во сликата на Мунк, фигурата на меланхоличниот човек е десно, а неговото расположение е претставено со брановито крајбрежје и поднебје кои се протегаат кон лево. Критичарите предложуаат дека има и еротски алузии, можеби во присуство на Месечината што се одразува на водата.Lombardi, Laura (2009). From Realism To Art Nouveau. New York, NY: Sterling Pub. Пејзажот ја претставува плажата на Осгордстранд каде што летувал Мунк уште од 1889 година.
„Меланхолија“ била изложена во 1891 година на Есенската изложба во Осло.Eggum, Arne (1984). Edvard Munch: Paintings, sketches, and studies. Crown. стр. 75. . Уметникот и новинар Кристијан Крог и дал заслуг како прва симболистичка слика на еден норвешки уметник. Мунк насликал повеќе од една верзија на композицијата во 1891 година.Eggum, Arne (1984) Edvard Munch: Paintings, sketches, and studies. Crown. стр. 74–75. . Завршената верзија во 1892–93 година е во Националната галерија во Осло.
Други верзии
Наводи
Категорија:Слики на Едвард Мунк Категорија:Слики од 1891 година