Љубе Јованов Рајовски (во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Завршил основно училиште, а потоа стопанисувал како земјоделец и овчар. По формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во неговото село, стапил во нејзините редови и учествувал во борбите против балистите на терените на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Македонија и успешните акции за ликвидирање на балистичките банди во Косово, заминал за Сремскиот фронт. Таму учествувал во пробивот на фронтот, заземањето на Товарник, ослободувањето на Винковци и други места. Во еден напад нагазил на мина кај Херцеговци и загинал. Љубе Рајовски бил закопан на борбената позиција.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ