Основно училиште „Даме Груев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Даме Груев“ - Пеширово; скратено: ПООУ „Даме Груев“) — подрачно основно училиште во селото Пеширово, составен дел од истоименото училиште во селото Ерџелија.

Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Даме Груев.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во крајниот јужен дел од селото, во непосредна близина на црквата „Св. Прохор Пчински“.

Настава Во училиштето се изведува настава во 1 комбинирана паралелка. Наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Галерија

Поврзано ОУ „Даме Груев“ - Ерџелија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Свети Николе Пеширово Категорија:Пеширово