мини|200п|Одбраната на татковината е дел од родољубивоста: статуа во Париз, споменик за студентското вмешување во одбраната на Франција во 1814 година. Родољубивост (или родољубие, патриотизам) — поим со кој се означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема „татковината“ (латински: patria) од страна на поединци или групи. „Татковината“ (или домовина, родбина) може да биде една област или град, но родољубивоста вообичаено се однесува на народ или нација или држава. Родољубивоста подразбира ставови како: гордост за достигнувањата и културата, желбата за зачувување на карактерот и основата на културата и себепронаоѓање со другите членови на нацијата. Родољубивоста е тесноповрзана (иако воопшто не истоветна на) со национализмот и често се користи како негов синоним. Строго кажано, национализмот е идеологија, но често се разбира како посакуван и соодветен родољубив став (и националистичките политички движења и родољубивоста можат да бидат непријателски настроени спрема туѓите татковини).
Родољубивоста има етичка конотација: кажува дека татковината (било како и да се дефинира тој поим) е морален стандард или самиот е морална вредност. Исто така кажува дека поединецот треба да ги стави интересите на нацијата пред личните интереси или интересите на одредена група или партија. За време на војна, жртвата може да прерасне и до пожртвување на сопствениот живот. Смрт во битка за татковината е коренит тип на крајна родољубивост.
Патриотизмот како тема во уметноста и во популарната култура Патриотизмот како тема во музиката „Патриот“ (англиски: Patriot) - песна на британската рок-група Southern Death Cult.Discogs, The Southern Death Cult – Southern Death Cult (пристапено на 9.8.2019) „Патриот (Поединец)“ (Patriot (A Single)) - песна на американскиот музичар Скот Волкер (Scott Walker) од 1995 година.Discogs, Scott Walker – Tilt (пристапено на 19.9.2018)
Родољубива книжевност „За мојата татковина“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска од 2005 година.Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 20. „За родата, за слободата“ — песна на македонскиот поет Милутин Бебековски.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 96. „За татковината“ - песна на Никола Јонков Вапцаров од 1926 година.Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 35. „Татковина“ - песна на Никола Јонков Вапцаров.Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 73-75. „Татковина имам“ - песна на Никола Јонков Вапцаров.Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 80. „Земја“ - песна на Никола Јонков Вапцаров.Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 73-76-77. „Татковина“ (српски: Otadžbina) - песна на српскиот поет Ѓура Јакшиќ.Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 65-66. „За татковината и пролетта“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 70. „Татковина“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1989 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 127. „Пролетна песна“ — песна на Блаже Конески.Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 46-47. „Тешкото“ — песна на Блаже Конески.Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 31-33. „На татковината“ - песна на рускиот поет Николај Кљуев.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 40-41. „Татковина“ — песна на српскиот поет Велимир Милошевиќ.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 92-93. „Одбрана на земјата“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 44. „На татковината“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 45. „Патриотизам“ - расказ од јапонскиот писател Јукио Мишима.Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 73-117. „Пеш по светот“ — поема на македонскиот поет Коле Неделковски.Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 55-64. „Што е тоа татковина“ — песна на македонскиот поет Видое Подгорец.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 90-91. „Татковина“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 90. „Белите ридови на татковината“ - песна на Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 130. „Гази Местан“ — песна на српскиот поет Милан Ракиќ.Милан Ракић, Песме. Рад, Београд, 1963, стр. 122. „Татковината се брани со убавина“ — песна на српскиот поет Љубивое Ршумовиќ.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 88.
Поврзано Национализам Шовинизам Етатизам
Наводи
Категорија:Национализам