Пипки или Антени (NGC 4038/NGC 4039 или Колдвел 60/Колдвел 61) — пар заемоделувачки галаксии во соѕвездието Гавран. Тековно се во ѕвезодородна фаза, каде судирот на гасот и прашината, со вплетканите магнетни полиња, доведува до брзо создавање на ѕвезди. Откриени се од Вилијам Хершел во 1785 г.
Општи информации мини|Слика на Пипки направена со Ливерпулскиот телескоп. Галаксиите се во судир и сместени се во групата NGC 4038 која опфаќа уште пет галаксии. Овие две се наречени „Пипки“ бидееќи двете долги опашки од ѕвезди, како и исфрлените гас и прашина од судирот наликуваат на пипки од инсект.
Јадрата на двете галаксии се соединуаат за да станат една џиновска галаксија. Највеќето галаксии дожувуваат барем еден значаен судир во нивниот животен век. Ова веројатно ќе му се случи и на нашиот Млчниот Пат кога ќе се судри со Андромеда. Оваа низа на судир и спојување (Томреова низа) во развојот на галаксиите е делумно производ на успешното моделирање водејќи се според галаксиите Пипки.
Во NGC 4038 се пронајдени пет супернови: SN 1921A, SN 1974E, SN 2004GT, SN 2007sr и SN 2013dk.
Со поновите истражувања заклучено е дека овие заемодеувачки галаксии се помалку оддалечени од Млечниот Пат отколку што се мислело — на 45 наместо 65 милиони светлосни години.
Сместени се 0,25° северно од 31 Пехар и 3,25° југозападно од Гама Гавран.
Пипки содржат и релативно млади збирови од масивни збиени јата кои можеби се образувале како последица од судирот помеѓу нив. Младоста на јатата се разликуваат од просечната старост на највеќето збиени јата (околу 12 милијарди години), при што нивното образување се случило веројатно поради ударни бранови создадени со галактичкиот судир, во најгустото подрачје на набивање на големи молекуларни облаци.
Историја
Околу 1,2 милијарди години, Пипки биле две одделни галаксии. NGC 4038 била пречкеста спирална галаксија, а NGC 4039 била спирална галаксија. Пред да се судрат, NGC 4039 била поголема од NGC 4038. Пред 900 милиони години, тие почнале да се приближуваат, на изглед слично како NGC 2207 и IC 2163. Пред 600 милиони години, галаксиите минале една низ друга, и тогаш изгледале како галаксиите Глувци. Пред 300 милиони години, обете галаксии почнале да раѓаат ѕвезди. Денес двата крака на исфрлени ѕвезди се протегаат многу подалеку од првичните галаксии, што им го дава обликот на пипки.
Во рок од 400 милиони години, јадрата на Пипки ќе се судрат и ќе станат едно јадро со ѕвезди, гас и прашина околу него. Набљудувањата и симулациите на судирот укажуваат на тоа дека тие со време ќе сочинат елиптична галаксија.
Рендгенски извор Пронајдени се подрачја со големи количества на неон, магнезиум и силициум користејќи ги анализите на вселенската рендгенска опсерваторија „Чандра“. Ваквите тешки елементи се неопходни за настанок на живот. Сликаните облаци содржат 16 пати повеќе магнезиум и 24 пати повеќе силициум од Сонцето.
Поврзано Вител (галаксија) Список на галаксии
Наводи
Белешки
Надворешни врски
Слика на денот: Пипки, 2 декември 2015 г. Слики на ЕСА/Хабл од галаксиите Пипки Анимации на галактичкиот судир кој ги произвел краците (пипките)
Галасии Пипки — „Водич низ соѕвездијата“
Категорија:Пречкести спирални галаксии Категорија:Непречкести спирални галаксии Категорија:Необични галаксии Категорија:Заемоделувачки галаксии Категорија:NGC 4038 (галактичка група) Категорија:Објекти од Новиот општ каталог Категорија:Гавран (соѕвездие) 037967 244 060b Категорија:UGCA-објекти Категорија:Астрономски тела откриени во 1785 година