Булкес ― бегалски центар во Војводина.

По договорот помеѓу КПЈ и КПГ во селото Булкес во мај 1945 година биле населени околу 6000 грци и Македонци, претежно активисти на КПГ кои формирале таканаречена грчка заедница. Булкес претставувал извор за регрутирање борци и центар за згрижување на болни и ранети борци на ДАГ и слично.

Според сеќавањата на Стојан Кочов, таму ги запознал одговорните, кои биле испратени од КПГ: Никола Стојановски, родум од село Герман, Преспанско, Никос Зафиридис и Георгиос Трендафилидис, Маџири од Костурско. Булкес, често бил нарекуван мини-грчка држава во Југославија, па дури ја нарекувале и седма држава на Југославија. Користеле сопствена валута, валидна само во логорот, наречена Булкес динари.

По барање на КПГ, жителите на Булкес во септември 1949 година се преселени во источноевропските земји.

Наводи

Надворешни врски

Експериментот Булкес сè уште претставува мистерија Operation Bulkes филм СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ

Литература

Големата удолница од Петре Наковски

Категорија:Македонци во Србија Категорија:Граѓанска војна во Грција