лево|мини|Насловна страна од Кониковското евангелие мини|Четврта страница од Кониковското евангелие Киријак Држилович (Неделко Држиловски; почеток на 19 век во , Негушко — околу 1877 година во ) ― печатар и деец.

Животопис Учествувал во грчкото национално ослободително движење од 1821 до 1829 година. По ослободувањето на Грција од османлиското владеење, извесно време живеел и работел во Атина. Кон средината на 19 век, дошол во Солун. Иако таму отворил грчка печатница, во неа главно печател словенски книги со кирилични букви. Кон печатницата наскоро отворил и книжарница, каде што претежно ги пласирал книгите отпечатени во неговата печатница. Во 1851 година, печатницата на браќата Држилови со грчки букви и со македонски јазик ги печател во Солун „Канонаме за селата битолски“, а во 1852 година „Неделно евангелие“ (Кониковско евангелие) од Павел Божигропски (Солон, Стампа Кирјакова Дарзилен, 1852).

Бил во блиски односи со Партенија Зографски, Димитар Миладинов, Стефан Верковиќ, Венијамин Мачуковски, Димитар Македонски, соработувал со Георги Раковски и со неговиот весник „Дунавски лебед“. Исто така се грижел и за распростанувањето на цариградскиот весник „Македонија“ во Солун и околината, на ениџе-вардарски дијалект.

Двојазичната печатница работела до 1860 година, кога по наговор од грчките првенци во Солун и од воденскиот митрополит, била затворена од солунскиот валија Хусни-паша. Учествувал во преордбенските антипатријаршиски борби за своја црква, јазик и училиште и учествува во конституирањето на солунската црковно-училишна општина. Тој е помал брат на Константин Држилович.

Родословие

Поврзано Константин Држилович Павел Божигропски

Наводи

Надворешни врски

Киријак Држилович Константин Држилович Првите македонски печатници Цариградскиот весник „Право“, Киријак Држилович во 1870

Категорија:Учесници во Грчката војна за независност Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски преродбеници Категорија:Родени во 19 век Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во 1877 година