Борба е прв весник, орган на македонската емиграција во САД (Чикаго, 1902 година).

Излегувал двапати месечно и се испечатиле вкупно 15 броеви. Првиот број излегол на 15 октомври, 1902 година. Целта на весникот била да се создаде македонски комитет во емиграција и да му помогне на македонското ослободително дело. Весникот се застапувал за автономна Македoнија со паролата: Македонија на Македонците. Редакцискиот колегиум го воделе Марко П. Калаудов и Спас Шумков.

Наводи

Категорија:Весници на македонската дијаспора