Лазо Ристов Гачов ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Израснат е во сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште работел како општ работник. Во септември 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Учествувал во сите натамошни борби на Бригадата. Во октомври 1944 година со својата единица се префрлил на скопските терени, помагајќи и на Дванаесеттата македонска ударна бригада во разбивањето на силните балистички сили. На 20 октомври учествувал во тешката борба на својата Бригада, против силна групација на балистички сили. Во оваа борба кај Треска, каде балистичките банди биле потпомогнати од Германците со тешко оружје, при повлекувањето на Бригадата, тој го изгубил својот живот.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје