56 Овен (56 Ari) со ознака SX Овен (SX Ari) — променлива ѕвезда во соѕвездието Овен. Видлива е со голо око како слаба син-бела точка со појдовна величина од 5,79. Се проценува дека се наоѓа на далечина од 406 светлосни години (124 парсеци), сметајќи според паралаксата, и дека постепено се оддалечува со радијална брзина од +18 км/с.
Ова е магнетна хемиски непбична ѕвезда од силициумски тип и ѕвездена класа B9pSi. Има брз вртежен период од 17,5 часа кој се зголемува за околу две секунди на секои сто години. Набљудувањата на 56 Овен укажуваат на петгодишен период за прецесија на нејзината оска. Ѕвездата е прототип на класата наречена променливи ѕвезди од типот на SX Овен, кои се вртежно променливи ѕвезди со силни магнетни полиња. Сјајноста ѝ се колеба од 5,75 до 5,81 величини, со цикличен период кој одговара на вртежната стапка.
Наводи
Надворешни врски 56 Овен (HR 954) — VizieR Слика од 56 Овен
Категорија:Ap-ѕвезди Категорија:Променливи ѕвезди од типот на SX Овен Категорија:Овен (соѕвездие) BD+26 0523 Категорија:Флемстидови објекти 019832 014893 0954 Категорија:Променливи ѕвезди со ознаки