мини|265п|Нептуновите -тројанци со плутината за споредба.

Нептунови тројанци — тела во орбита околу Сонцето близу една од стабилните Лагранжови точки на Нептун, сличмо ма тројанците на другите планети. Имаат приближно ист орбитален период како Нептун и приближно ја следат неговата патека. Познати се 22 Нептунови тројанци, од кои 19 кружат околу сончево–нептунската Лагранжова точка , 60° пред Нептун, а три вртат околу Нептуновото -подрачје 60° зад планетата.

Откривањето на во високонаклонета (>25°) орбита е значајно, бидејќи го открива присуството на густ облак од тројанци (Јупитеровиte тројанци имаат наклон до 40°), што укажува на зафат со замрзнување наместо образување на самото место или со судири. Се претпоставува дека големите (≈ 100 км во пречник) облаци од Нептунови тројанци се десеткратно побројни од Јупитеровите.E. I. Chiang and Y. Lithwick Neptune Trojans as a Testbed for Planet Formation, The Astrophysical Journal, 628, pp. 520–532 Preprint

Во 2010 г. е објавено откривањето на првиот Нептунов тројанец во — . Следечкото -подрачје на планетата денес е многу тешко се набљудување бидејќи лежи во видна линија на средиштето на Млечниот Пат, каде небото е преполно со ѕвезди.

Откривање и истражување Во 2001 г. е откриен првиот Нептунов тројанец — — близу -подрачјето на Нептун, со што станал петтиотПо астероидниот појас, Јупитеровите тројанци, заднептунците и Марсовите тројанци. познат стабилен содржател на мали тела во Сончевиот Систем. Во 2005 г. откривањето на високонаклонетиот тројанец довело до мислење дека Нептуновите тројанци населуваат густи облаци, ограничувајќи го можносто потекло на истите.

На 12 август 2010 г. е пронајден првиот тројанец во — . Откриен е со вршење на макотрпно прегледување на подрачјата каде светлината на ѕвездите близу Галактичкото Средиште е прикриена од правливи облаци. Ова упатува на тоа дека големите -тројанци се подеднакво застапени како големите -тројанци до извесен степен на несигурност, што уште повеќе ги ограничуваат моделите за нивниот настанок.

Динамика и потекло мини|десно|330px|Анимација на која е прикажана патеката на шест Нептунови -тројанци во вртежна рамка, со период еднаков на Нептуновиот орбитален период. Нептун стои неподвижно.

Орбитите на Нептуновите тројанци се мошне стабилни; Нептун може да има задржано преку 50 % од првобитното попреселбено тројанско население во животниот век на Сончевиот Систем. Неговата може подеднакво да вдоми стабилни тројанци како и . Нептуновите тројанци можат да либрираат до 30° од нивните Лагранжови точки во период од 10.000 години. Оние кои застрануваат влегуваат во орбити слични на кентаурските. Иако Нептун сега не може да зафаќа стабилни тројанци, приближно 2,8 % од кентаурите на растојание од 34 ае се сметаат за негови коорбиталци. Од нив, 54 % се во потковичести орбити, 10 % се квазимесечини, а 36 % се тројанци (рамномерно поделени меѓу групите и ).

Неочекуваните високонаклонети тројанци се клучни за осознавање на потеклото и развојот на населението во целина.Horner, J., Lykawka, P. S., Bannister, M. T., & Francis, P. 2008 LC18: a potentially unstable Neptune Trojan Accepted to appear in Monthly Notices of the Royal Astronomical Society Постоењето на високонаклонети Нептунови тројанци укажува на зафат за време на планетарната преселба наместо образба на самото место или со судири. Проценетиот подеднаков број на големи - и -тројанци вели дека немало отпор од гас при зафатот и упатува на заеднички зафатен механизам за тројанците од и . Зафатот на Нептунови тројанци при преселбата на планетите се одвива во процес сличен на безредното зафаќање на Јупитеровите тројанци во Ничкиот модел. Кога Уран и Нептун се блиску, но не во среднодвижечка резонанца, местата каде Уран го одминува Нептун можат да кружат со период кој е во резонанца со либрациските периоди на Нептуновите тројанци. Ова доведува до зачестени растројувања кои ја зголемуваат либрацијата на постоечките тројанци, предизвикувајќи нестабилност во нивните орбити. Овој процес може да биде и обратен, јавувајќи се при зафат на нови тројанци со продолжувањето на планетарната преселба. За високонаклонетите тројанци да можат да се зафатат, преселбата мора да била бавна, или да го стекнале нивниот наклон претходно.

Бои Првите четири откриени Нептунови тројанци имаат слични бои. Тие се претежно црвени, малку поцрвени од сивите тела од Кајперовиот Појас, но не толку црвени како високоперихелските студени кубевана. Ова е слично на боите во сината шуплина на кентаурската бојна распределба, Јупитеровите тројанци, неправилните сателити на гасовитите џинјови, а можеби и на кометите, што доследно одговара на сличното потекло на овие населенија од мали тела во Сончевиот Систем.

Нептуновите тројанци се пребледи за добро спектроскопско набљудување со денешната технологија, што значи дека забележаните бои можат впрочем да претставуваат најразлични површински состави.

Именување

Во 2015 г. Меѓународниот астрономски сојуз (МАС) усвоил ново имиња Нептуновите тројанци, кои се водат според амазонките, без да се прави разлика дали се во L4 или L5. Амазонките биле воинствено племе сочинето исклучиво од жени ко е се борело во Тројанската војна на страна на Тројанците, а против Грците. Во 2019 г. именувани Нептунови тројанци биле 385571 Отрера (по Отрера, првата кралица на амазонките од старогрчката митологија) и Клета (амазонка и прислужничка на кралицата Пентесилеја, која ги повела амазонките во Тројанската војна).

Членови

Бројот на набљудувани високонаклонети Нептунови тројанци е доста мал, но се смета дека тие всушност се четирипати побројни од нисконаклонетите. Претпоставувајќи албедо од 0,05, се очекува дека во Нептуновата постојат тројанци со полупречници над 40 км. Од ова би се заклучило дека големите Нептунови тројанци се 5 до 20 пати побројни од Јупитеровите, зависно од нивните албеда. Има релативно помалку помали Нептунови тројанци, што може да се должи на тоа што тие лесно се распарчуваат. Големите -тројанци веројатно се рамнобројни на големите -тројанци.

и покажуваат значајна динамичка нестабилност. Ова значи дека тие може да се зафатени по планетарната преселба, но може и да се долготрајни членови кои едноставно не се сосема динамички стабилни.

Во февруари 2020 г. се знаело а 29 Нептунови тројанци, од кои 24 кружат близу Лагранжовата точка во Сонце-Нептун, 60° пред Нептун, четири се близу Нептуновото -подрачје 60° зад него, а една кружи на спротивната страна на Неотун(). но често си ја менува местопложбата во однос на него, на точките L4 и L5. Овие се наведени на следнава табела, која е изведена од списокот на нептунови тројанци на Центарот за мали планети при МАС а со пречници преземени од трудот на Шепард и Трухиљо посветен на , освен ако не е поинаку наведено.

Име Привр.ознака Лагр.точка q () Q () i (°) Апс. вел. Пречник (км) Белешки ЦМП 29,404 31,011 1,3 8,2 2001 првиот откриен Нептунов тројанец 24,553 35,851 13,6 8,9 2011 привремен Нептунов тројанец 385571 Отрера 29,318 30,942 1,4 8,8 2004 првиот со број и име 28,092 32,162 25,0 9,0 2005 првиот откриен високонаклонет тројанец 385695 Клета 28,469 31,771 5,3 8,5 2005 — 29,077 31,014 8,2 7,5 2006 — 28,130 32,028 28,1 8,0 2007 — 27,365 32,479 27,6 8,4 2008 првиот откриен -тројанец 21,109 40,613 19,2 6,9 2010 скокачки тројанец 28,608 31,253 6,6 8,1 2016 31 мај 2016 27,913 32,189 4,3 8,0 2016 31 мај 2016 27,662 32,455 29,4 8,1 2012 — 29,622 30,503 9,6 7,7 2016 31 мај 2016 29,064 30,878 22,3 7,1 2016 31 мај 2016 27,806 32,259 20,8 9,2 2014 — 28,794 31,538 28,4 7,6 2019 — 26,624 34,084 6,6 6,8 2016 31 мај 2016, неизвесна стабилност 29,366 30,783 10,1 8,8 2020 4 февруари 2020 28,092 32,135 13,1 8,0 2020 4 февруари 2020 27,563 32,525 31,3 8,2 2018 — 26,961 33,215 18,8 8,3 2014 најзанесен стабилен Нептунов тројанец 28,137 31,971 19,4 9,3 2015 — 28,426 31,614 29,5 8,4 2020 4 февруари 2020 27,038 33,060 33,7 8,2 2020 4 февруари 2020 28,661 31,457 35,8 8,1 2018 — 27,742 32,236 30,8 10,2 2018 1 октомври 2018 27,513 32,497 16,9 8,8 2018 1 октомври 2018 28,488 31,488 5,0 8,1 2018 1 октомври 2018 27,612 32,327 17,2 8,9 2018 1 октомври 2018

MPEC 2005-U97 : 2005 TN74, 2005 TO74 Minor Planet Center и се сметале за Нептунови тројанци при нивното откривање, но подоцна е заклучено дека не се. За се сммета дека е во резонанца 3:5 со Нептун. тековно следи квазимесечинска јамка околу Нептун.

Поврзано Нички модел — привремена квазимесечина на Нептун.

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Далечни астероиди Категорија:Списоци на мали планети Категорија:Тројански астероиди