1735 Роберт Волпол бил првиот британски премиер што се вселил во резиденцијата на „Даунинг стрит“ бр. 10, во Лондон. 1792 Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазеле дворецот во Версај и ги затвориле Луј XVI и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прогласило република. 1862 Американскиот претседател Абрахам Линколн објавил декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дава целосна слобода. Тоа било резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, кој барала брза и неодложна акција за ослободување на обесправените црнци. 1862 Ото фон Бизмарк станал канцелар на Прусија. 1933 Во Париз почнал Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот. 1946 Во НР Македонија биле одржани првите избори за Уставотворното собрание, кое потоа го донело првиот устав на НР Македонија. 1991 За првпат во Република Македонија бил изведен светиот чин „Опход на моштите на Свети Климент Охридски Чудотворец“ (опходот траел до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ. 1992 Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија. 1992 Воспоставена е авиолинија Скопје - Москва. 1993 Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија. 22 септември
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 22 септември (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.