Вељо Мицевски (? во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Се преселил во Скопје и работел во скопската ложилница, како мијач на локомотиви. Прифатен бил од напредното движење во ложилницата и учествувал во разни акции против окупаторот. Во Дванаесеттата македонска ударна бригада стапил во почетокот на септември 1944 година. Се покажал како мошне дисциплиниран, предан и совесен борец. Во составот на првата чета, вториот баталјон учествувал во сите борби на бригадата против непријателот. По очистувањето на теренот меѓу Китка и Треска од албанските балистичките банди, на 12 ноември, заедно со бригадата учествувал во нападот за ослободување на Скопје. Во уличните борби и при заземањето на зградата на бившиот офицерски дом, Вељо храбро загинал.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје