Дарко Гавровски — промотор, хроничар, истражувач на историјата, етнологијата и дијалектологијата на Тетово. Роден е на година во , во старо градско семејство. Основно и средно образование завршил во Тетово, а дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Гавровски како истакнат локален хроничар кој од 1990-тите започнува со истражување на минатото на Tетово, има објавено две обемни енциклопедии и бројни написи на тема тетовското минато. Автор е на првата песна посветена на Тетово,а испеана на тетовски говор „Го љубим Тетоо“. Учествува во бројни документарни телевизиски емисии и репортажи посветени на Тетово. Сопственик е на единствениот веб-портрал „Тајните на Тетово“ посветен на Тетово, како и на најстарата и најбројна Фејсбук група за Тетово “Го љубим Тетоо“.
Научни трудови
Стручни енциклопедии 2009 - Тетовски древности - Полог од праисторијата до 7 век н.е. со посебен осверт на тетовскиот крај 2020 - Тетовскиот говор - Енциклопедиски речник и граматика на тетовскиот градски говор со етнолошки и историски осврти
Научни трудови во списанија и зборници
2019 - „Седмогрешник“ на јеромонах Арсенија од 1844 пишуван на тетовски народен говор (зборник „Огледало“, бр. 12-23, октомври 2019 - стр. 77-82)
Останати проекти посветени на Тетово
Од мај 2009 - Веб портал „Тајните на Тетово “ (посветен на тетовското минато, обичаи, знаменити личности, база на податоци со книги за Тетово, настани од Тетово и најголема база со над 1000 фотографии од старо Тетово Од 16 јануари 2009 - Фејсбук група „Го љубим Тетоо“ (најстара и најголема група посветена на Тетово со мноштво ексклузивно објавени фотографии, видеа, историски податоци за Тетово) На 19 ноември 2010 - објавена песната „Ја го љубим Тетоо“ (прва и единствена песна посветена на Тетово, а со текст на тетовски градски говор. Гавровски е автор на текстот, музиката и воедно ја изведува песната. Објавено на денот на ослободувањето на Тетово како роденденски подарок за градот) Песната: Мноштво снимени документарни телевизиски репортажи за Тетово.2009 - Мноштво напис за Тетово во пишани медиуми
Извори
Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски историчари