NGC 3293 — расеано ѕвездено јато во соѕвездието Кобилица, откриено од францускиот астроном Никола Луј де Лакај во 1751 г. Содржи преку 100 ѕвезди посјајни од 14. величина во поле од 10 лачни минути, од кои најсјајни се сините суперџинови со привидна величина од 6,5 и 6,7. Има и пулсирачки црвен суперџин од 7. величина, наречен V361 Кобилица.

Наводи

Надворешни врски

NGC 3293 — SEDS

Категорија:Кобилица (маглина) Категорија:Расеани ѕвездени јата Категорија:Објекти од Новиот општ каталог Категорија:Мелотови објекти Категорија:Кобилица (соѕвездие) Категорија:Астрономски тела откриени во 1751 година Категорија:Колиндерови објекти