1529 Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна Опсадата на Виена. 1822 Жан-Франсоа Шамполион објавил дека го дешифрирал Каменот од Розета. 1825 Англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон управувал со својата парна локомотива која влечела 38 вагони на линијата Стоктон - Дарлингтон во Велика Британија. За кратко време железничката мрежа се проширила низ цела Европа. 1854 Во Атлантскиот Океан потонал бродот „Арктик“ со околу 300 патници. 1905 Списанието „Анали на физиката“ го објавило трудот на Алберт Ајнштајн „Дали инерцијата на телото зависи од неговата енергија“ каде за првпат е претставена познатата равенка E=mc². 1908 Во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“ под редакција на Димитар Влахов. 1939 По 19-дневен отпор Варшава паднала во рацете на германските трупи. 1940 Во Берлин, Италија и Јапонија потпишале 10-годишен воен и економски пакт и формално создале сојуз на фашистички сили познат под името Оската Берлин - Рим - Токио. 1993 Република Македонија е примена за член на Меѓународната агенција за атомска енергија. 1994 Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија. 1994 Во Скопје е основано Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка. 1995 Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка. 27 септември
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 27 септември (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.