Македонија настапи на Детска Евровизија 2009 кој се одржа на 21 ноември 2009 во Киев, Украина.

Пред Детска Евровизија На 14 јули 2009, македонскиот радиодифузер објавил дека рокот за поднесување на песните бил во тек и траел до 1 август 2009. Професионални жири одбрало 12 песни да земат учевство во националното финале, кое било закажано за 26 септември 2009 во 20:15, со пренос во живо на МРТ 1 и МРТ Сат. Редоследот на песните бил утврден во живо на 4 септември 2009 во младинската емисија Ѕвон.

На 24 август, МТВ ја објавиле листата на финалисти на националното финале. Марија Зафировска настапила на националните финалиња во 2007 и 2008 и се појавила на сцената во Ротердам како позадински вокал за Димитар и Росица, Сара Марковска во националното финале во 2007 и исто така во Ротердам, Филипа Бибановска настапила во националното финале во 2008, и во 2007 Филипа, Деа и Теа биле позадински танчери за некои учесници на натпреварот.

На 13 септември, МТВ ја објавиле финалната листа на учесници на националното финале со редоследот на настапите: РедоследАртистПеснаЖириТелефонско гласањеВкупноМестоГласовиПоени1Јована КрстевскаКако во круг4661572Филипа, Деа и ТеаТики тики да да1213651723Теодора АнгелевскаПаника од љубов12448954Мартина ДојчиновскаЉубовта е магија0882285Кристијан НеделковскиКажи желба7290766Сара МаркоскаЗа љубовта8378101817Марија ЗафировскаЉубовта боли610441048Андреј ЈовановскиДевојче Македонско21837959Ана АврамовскаМеко Р314869510Мартина МатевскаВоди ме на Евросонг0800911Мила ЈаневскаНема боја љубовта1092313312Ивана СимовскаАнгелски глас541412172 Домаќини на националното финале биле Ивона Богеска и Диме Димитровски, а уметнички директор на шоуто бил Љупчо Мирковски. Македонските претставници на Евровизија 2009, Next Time биле специјални гости на шоуто кое се одржало во Студио 3 на МТВ. Победникот бил избран со гласови од жири и телефонско гласање.

Членови на жирито биле:

Даниел Тодоровски - член на тимот за Детска Евровизија 2008 Ади Имери - професор по гитара во СУ „Илија Николовски Луј“ - Скопје Мери Попова - уредник на музичка програма на МРТ Саша Николовски - диригент Адни Чалми - уредник на забавна програма на вториот канал на МРТ.

На Детска Евровизија Покрај Сара, како позадински танчери настапија и Бисера Мартиновска, Ива Поповска, Тања Василевска, Теодора Јолаковска и Даниел Тодоровски, кој го придружуваше Боби во 2008.

Во финалето, Македонија го освои 12 место со 31 поен.

Наводи

Категорија:Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија