Чадор или дождобран — предмет што се употребува за заштита од сонцето или од дождот. Чадорот се состои од платнена или пластична обвивка, која ја држат метални жици, а која е поставена на дрвена или метална прачка.

Чадорот како тема во уметноста и популарната култура „Чадорче“ — песна на македонскиот поет Михо Атанасовски.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 42. „Бунтот на чадорите“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 42-43. „Чадор“ (француски: Le Parapluie) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 10 февруари 1884 година.„Кишобран“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 157-168. „Мајстор за чадори“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 41. „Шем-шем-шемче“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 300-301. „Чадори“ (англиски: Umbrellas) — композиција на американската џез-група Weather Report од 1971 година.Weather Report – Weather Report (пристапено на 7.4.2024) „Чадорчиња“ (англиски: Little Umbrellas) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа од 1969 година.Frank Zappa – Hot Rats (пристапено на 28.11.2023) „Чадор“ (англиски: Umbrella) — песна на бахамско-американската пејачка Ријана од 2007 година.

Наводи

Категорија:Предмети Категорија:Модни додатоци Категорија:Турцизми Категорија:Француски пронајдоци