Плутино — динамичка група на заднептунски тела кои кружат во резонанција 2:3 со планетата Нептун. Ова значи дека плутиното кружи двапати на секои три кружења на Нептун. Најголемо плутино е џуџестата планета Плутон, по која е наречена самата група. Го носат името на митолошки суштества од подземниот свет.
Овие тела го сочинуваат внатрешниот дел на Кајперовиот Појас и претставуваат една четвртина од телата во него. Ја сочинуваат најбројната класа на резонантни заднетунци. Освен самиот Плутон, првото откриено плутино е (385185) 1993 RO, забележано на 16 септември 1993 г.
Орбити мини|десно|220п|Првите откриени плутина споредени по големина, албедо и боја.
Потекло Се смета дека телата кои денес се во средни орбитални резонанции со Нептун првично имале свои разновидни хелиоцентрични патеки. Кога Нептун се преместувал нанадвор во раната историја на Сончевиот Систем, телата кои ги среќавал се расејувале; во текот на ова, некои биле зафатени во резонанции. Резонанцијата 3:2 е резонанција од низок ред и затоа е најсилна и најстабилна од сите. Ова е главната причина што има повеќе тела од другите Нептунови резонанции во Кајперовиот Појас. Облакот од нисконаклонети тела подалеку од 40 ае се кубевана, а они есо повисока занесеност (од 0,05 до 0,34) и голема полуоска блиску до резонанцијата 3:2 претежно се плутина.
Орбитални особености мини|Распределба на плутината и споредбените големини, претставени милион пати поголеми. Иако највеќето плутина имаат релативно низок орбитален наклон, дел од нив следат орбити слични на Плутоновата, со наклон од 10–25° и занесеност околу 0,2–0,25; поради тоа, многу од нив имаат перихели блиски до или дури во Нептуновата орбита, а истовремено и афели кои ги приближуваат до надворешниот раб на главниот Кајперовиот Појас (каде се наоѓаат телата се во резонанција 1:2 со Нептун, наречени тутина).
Орбиталните периоди на плутината просечно траат 247,3 години (1,5 пати Нептуновиот), со отстапување од неколку години.
Необични плутина се: , кое следи најнаклонета орбита (34,5°) , кое има најелиптична орбита (занесеност од 0,33), со перихел на половина пат помеѓу Уран и Нептун , кое следи квазикружна орбита , кое речиси совршено лежи на еклиптиката (наклон помал од 1,5°)
Долгорочна стабилност Влијанието на Плутон врз другите плутина во минатото се занемарувало поради неговата релативно мала маса. Меѓутоа, ширината на резонанцијата (опсегот на полуоски складни со неа) е мошне теска и само неколкупати поголема од Плутоновата Хилова сфера (гравитациското влијание). Следствено на тоа, зависно од првичната занесеност, некои плутина со време ќе излезат од резонанцијата поради заемодејства со Плутон. Бројчените симулации упатуваат на тоа дека орбититите на плутината со занесеност за 10–30 % помала или поголема од Плутоновата не се стабилни во временски рамки од милијарди години.
Орбитални дијаграми
Најсјајни тела Плутината посјајни од HV=6 се: Тело a(ае) q(ае) i(°) H Пречник(км) Маса(1020 кг) Албедо V−R Откриено Откривач Навод 134340 Плутон 39,3 29,7 17,1 −0,7 2322 130 0,49–0,66 1930 Клајд Томбо 90482 Орк 39,2 30,3 20,6 0,37 2004 М. Браун,Ч. Трухиљо,Д. Рабиновиц 39,4 32,3 13,6 ≈ 3 2003 М. Браун,Ч. Трухиљо 28978 Иксион 39,7 30,1 19,6 ≈ 3 0,61 2001 DES 39,5 31,3 13,6 ≈ 380–680 ? ? ? 2017 Д. Џ. Толен,С. Шепард,Ч. Трухиљо 39,3 36,4 14,8 ≈ 1,5 2003 NEAT 39,2 30,4 12,0 ≈ 600 ≈ 2 ? 2001 М. Браун,Ч. Трухиљо,Д. Рабиновиц 39,5 36,0 15,4 ≈ 240–670 ? ? ? 2014 Pan-STARRS 39,5 36,7 19,4 ≈ 240–670 ? ? ? 2014 Pan-STARRS 38628 Хуја 39,4 28,5 15,5 ≈ 0,5 2000 Игнасио Ферин 39,3 27,4 12,0 ≈ 0,012 2006 М. Бује 39,3 34,5 13,3 ≈ 1,7 2001 М. Бује 39,3 34,9 22,4 ≈ 0,7 2001 М. Бује 47171 Лемпо 39,3 30,6 8,4 (тројно) 1999 Е. Рубенштајн,Л.-Г. Стролгер 39,3 31,2 14,0 ≈ 0,16 2002 М. Бује 39,3 28,9 14,0 ≈ 1 2002 NEAT 39,4 30,4 16,3 ≈ 0,15 2002 NEAT
Наводи
D. Jewitt, A. Delsanti The Solar System Beyond The Planets in Solar System Update : Topical and Timely Reviews in Solar System Sciences , Springer-Praxis Ed., (2006). Preprint of the article (pdf) Bernstein G.M., Trilling D.E., Allen R.L., Brown K.E, Holman M., Malhotra R. The size Distribution of transneptunian bodies. The Astronomical Journal, 128, 1364–1390. preprint on arXiv Minor Planet Center Orbit database (MPCORB) as of 2008-10-05. Minor Planet Circular 2008-S05 (October 2008) Distant Minor planets was used for orbit classification.
Надворешни врски За плуитината од Дејвид Џуит Список на заднептунци — Центар за мали планети Список на далечни мали планети — Центар за мали планети
Категорија:Кајперов Појас