„Деца и цвеќиња и ѕвезди“ — збирка поезија за деца на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски, објавена во 1981 година.
Содржина
Збирката содржи 38 песни распоредени во четири циклуси:Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981. Во најубавиот свет Деца и цвеќиња (прво пеење) Деца и цвеќиња (второ пеење) Деца и пеперуги Деца и божурики Деца и птици Лутичиња Песна без наслов Пешкирот на пчелата Качунка
Во светот на игрите Децата и игрите Децата и играчките Пролетна игра на дете Деца и ѕвезди Децата и инженерите Деца и морнари Деца и пилоти Деца и космонаути Деца и војници Децата и уметниците
Детска љубов Детска љубов Ланета Билјана Дојди Мојата девојка Патување со Весна Некогаш Обичен човек Игранка Приказна за детството на игрите
Во светот на мислите Мојата улица Земја како пеперуга Една река тече на југ Скопје сонува Партизанска укица Празнично утро Духот на борецот Децата и светлината Зима
Опис на книгата Книгата е објавена како издание на „Нов свет“ од Скопје, во 1981 година, а била испечатена во печатницата „Нова Македонија“ во 4 000 примероци. Таа има 48 страници, а покрај песните, ги содржи и следниве цртежи, кои се дело на авторот: „Пеперуга“ (1981), „Дрво“ (1980), „Цветови“ (1980), „Куче“ (1978), „Риба“ (1980) и „Змеови“ (1980). Инаку, поголемиот дел од песните претходно биле објавени во весникот „Нова Македонија“. На задната корица, авторот објаснува дека книгата е наменета за децата од пубертетската возраст и за нивните воспитувачи. Притоа, тој ја примеува сугестивната метода која на децата треба да им влее љубов кон разните занимања и кон работните навики со цел децата да ги остварат своите желби.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981.
Наводи
Категорија:Дела на Јозо Т. Бошковски Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Стихозбирки за деца Категорија:Книги од 1981 година Категорија:Појавено во 1981 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 1981 година Категорија:Изданија на Нов свет