Галатеја (или Нептун VI) — четврта по близина внатрешна месечина на Нептун. Наречена е по Галатеја, една од Нереидите од старогрчката леганда во која напусто бил заљубен киклопот Полифем.
Откривање мини|лево|250п|Галатеја во бледиот прстенов лак близу Нептун. Месечината е откриена кон крајот на јули 1989 г. според сликите направени од сондата „Војаџер 2“ и ја добила привремената ознака S/1989 N 4. Откритието е објавено на 2 август истата година, а трајното име го добила на 16 септември 1991 г.
Физички својства
Галатеја има неправилен облик и нема знаци на каква било геолошка изменетост. Веројатно е дека се работи за збировит отпад составен од парчиња од првобитните Нептунови месечини, кои се судриле поради растројувања од месечината Тритон наскоро по нејзиниот зфат во многу занесена првична орбита.
Орбита Орбитата на Галатеја лежи под полупречникот на Нептуновата синхрона орбита, така што таа бавно се врти навнатре под дејство на плимно забавување, и со време може да се судри со планетата или да се распарчи во нов планетарен прстен откако ќе ја премине својата Рошова граница под дејство на плимно растегнување.
Галатеја е пастирска месечина за Адамсовиот прстен кој е 1.000 км вон својата орбита. Резонанциите со Галатеја се во сооднос 42:43 и се сметаат за најверојатниот механизам со кој се заробени уникатните лакови кои постојат во прстенот. Нејзината маса е проценета врз основа на радијалните растројувања кои ги предизвикува во прстенот.
Белешки
Бидејќи Галатеја има неправилен облик, вистинската површинска гравитација и втора космичка брзина значително се разликуваат од едно место до друго.
Наводи
Надворешни врски
Профил на Галатеја — Истражување на сончевиот Систем (НАСА) Познатите месечини на Нептун од Скот Шепард
Категорија:Нептунови месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 1989 година