Глигорие Гоговски ( во — во ) — македонски стопанственик и политичар. Бил последниот претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ во периодот 1986 - 1991.„Македонски влади, 60 години“, Скопје, 2005, 69-70 стр. Во 1989 година бил кандидат за член на Претседателството на СФРЈ од Социјалистичка Република Македонија.
Во 1968 година, тој дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Загреб. Бил генерален директор на волнарскиот комбинат „Тетекс“ од Тетово.
Бил член на СКМ од 1968 година.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, 2009, 369 стр.
Наводи
Категорија:Политичари од Тетово Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“