„Поезија (избор)“ — книга со избор од поезијата на српскиот поет Васко Попа, објавена во 1968 година, како заедничко двојазично издание (македонски и српски јазик) на издавачките куќи Култура од Скопје и Нолит од Белград. мини|десно|Васко Попа Содржина
Книгата содржи 46 песни распоредени во шест циклуси, поговор со наслов „Круговите на Васко Попа“, како и био-библиографски летопис.Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968.
Список Патка Коњ Глуварче Костен Кактус Мов Компир Виолина Хартии
Опсадена ведрина Познанство Железна јаболкница Одекнување Златно бреме Заминување Опсадена ведрина
Игри Пред играта Шајки Криеници Заводници Ружокрадци Меѓу игрите Брканици Семиња Прескакулици Ловци Пепелишта По играта
Белутрак Белутрак Срцето на белутракот Сонот на белутракот Љубовта на белутракот Авантурата на белутракот Тајната на белутракот Два белутрака
Проѕевка над сите проѕевки Оставината на ѕвездознаецот Заборавлив број Скаменети одгласи Мудар триаголник Гордлеиав грешка Приказна за една приказна Проѕевка над сите проѕевки
Земја исправена простум Сопоќани Манасија Калениќ Радимља Белград
Технички одлики Книгата е објавена во рамките на библиотеката „Современа лирика“, а преводот, изборот и поговорот ги напишал Влада Урошевиќ. Типизацијата, нацртот на обвивката и на корицата се дело на Михаило Писањук, а корекцијата ја направиле Елена Павлова и Ружица Димишковска. Книгата има тврди корици и била испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“ во Скопје, во 2 000 примероци. Таа не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN.
Наводи
Категорија:Дела на Васко Попа Категорија:Изданија на Култура Категорија:Книги од 1968 година Категорија:Појавено во 1968 година во Македонија