1187 Султанот Саладин го освојува Ерусалим по 88 годишно владеење на Крстоносците, што било повод за Третата крстоносна војна. 1535 Пловејќи низводно по Сент Лоренс, Жак Картие пристигнал до селото на Ирокезите Хошелага, денешен Монтреал во Канада. 1608 Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Липерсхеј го демонстрира првиот употреблив телескоп. Познатиот Галилеј првиот ваков далекуглед го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутн го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката. 1935 Фашистичка Италија ја нападна Етиопија, една од ретките независни држави во Африка. 1944 Нацистите го задушуваат Варшавското востание. 1990 Киднапираниот кинески Боинг 737, слетувајќи на кантонскиот аеродром, се урива во два други авиона, убивајќи 132 лица 1991 Сите странски средства за информирање оценуваат дека „Белград почна нова воена офанзива“ (против Хрватска) и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна. 1992 Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија.
2 октомври