Стојан Трајков Божинов ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Завршил основно училиште. Потоа откако го изучил занаетот работел како механичар. На 1 септември 1944 година, стапил во НОВ и ПОЈ. Со Петнаесеттиот македонски корпус заминал за Срем каде завршил тримесечна воено-стручна обука. Учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Се истакнал во многу јуриши и доживени победи. Учествувал во ослободувањето на голем број градови и села. Со бригадата пристигнал и пред Загреб. На 7 мај 1945 година била последната негова борба, кога загинал од германски куршуми.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ