Борис Ѓорѓиев Бочваров ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од земјоделско семејство, а ѝ самиот бил земјоделец. Бил симпатизер ѝ материјално ја помагал народноослободителната борба. На 12 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против балистите и германските единици во Скопска Црна Гора, како и при чистењето на балистичките банди во други места. Учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Загинал во крвавите борби при ослободувањето на Врпоље, на 16 април 1945 година. Закопан е на местото каде што загинал, но по ослободувањето неговите посмртни останки биле пренесени во родното место.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ