Јован Душанов Грујов ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште се занимавал со земјоделство. Пред ослободувањето на Македонија, на 20 септември 1944 година, стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. По дејствијата против балистите, тој заминал со XV македоноки корпус на север, каде учествувал во дефинитивното ослободување на уште неослободените краишта на Југославија. Во близината на Белград, тој со успех завршил тримесечно воено-политичка настава. На 12 април 1945 година учествувал во пробивот на силно укрепените германско-усташки позиции. Во мугрите на 16 април 1945 година, учествувал во навлегувањето во Врпоље. Во крвавите улични борби, тој загинал и таму бил закопан.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ