НБА плејофот 2021 бил завршен турнир во НБА за сезоната 2020–2021. Како резултат на влијанието на пандемијата на КОВИД-19, регуларната сезона била смалена на 72 натпревари за секоја екипа, а датумот на почеток на плејофот бил поместен од вообичаеното време во средината на април на 22 мај 2021 година. Сезоната завршила со НБА финалето 2021 во јули.
Во овогодинешното НБА финале играле екипите на Милвоки Бакс и Финикс Санс. Серијата започнала на 6 јули 2021, а екипата на Финикс била домаќин во првите два натпревари.
Бранителот на титулата, Лос Анџелес Лејкерс и поразената екипа во минатогодишното финале, Мајами Хит загубиле во првото коло до Финикс Санс и Милвоки Бакс, соодветно. Санс се пласирале во своето прво НБА финале од 1993 со победата над Лос Анџелес Клиперс во серијата со 4–2; Бакс, исто така, во шест натпревари го добиле финалето на Источната конференција против Атланта Хокс за да стигнат до своето прво финале во НБА уште од далечната 1974.
Формат Форматот е идентичен со претходното издание.
Од секоја конференција, шестте најдобро рангирани екипи во регуларниот дел од сезоната се квалификувале за плејофот, плус две екипи кои се квалификувале преку таканаречениот Плејин. Сите натпревари, од првото коло до финалето, се играат по форматот подобар во 7 натпревари (2-2-1-1-1); подобро рангираната екипа во регуларниот дел од сезоната игра на домашен терен: во натпреварите број 1, 2, 5 и 7. На секој тим му е доделена позиција на носител заснована врз бројот на победи остварени на крајот од регуларниот дел од сезоната; во случај на екипи со изедначен број на победи, се земаат предвид директните натпревари меѓу тие екипи.
Квалификувани екипи Источна конференција
Западна конференција
Плејоф Плејофот започнал на 22 мај 2021 година и ќе има вообичаен формат, со четири фази на принципот подобар од седум натпревари. НБА финалето ќе започнало на 6 јули, а хипотетичкиот натпревар број 7 ќе се одигра на 22 јули 2021 година.
Легенда * Победник на Дивизија "Болд" Победник во таа серија "Италик" Екипа која има предност домашен терен
Прво коло Западна конференција прво коло (1) Јута Џез - (8) Мемфис Гризлис Резултат: 4-1
(2) Финикс Санс - (7) Лос Анџелес Лејкерс Резултат: 4-2
(3) Денвер Нагетс - (6) Портланд Трејлблејзерс Резултат: 4-2
(4) Лос Анџелес Клиперс - (5) Далас Маверикс Резултат: 4-3
Источна конференција прво коло
(1) Филаделфија Севентисиксерс - (8) Вашингтон Визардс Резултат: 4-1
(2) Бруклин Нетс - (7) Бостон Селтикс Резултат: 4-1
(3) Милвоки Бакс - (6) Мајами Хит Резултат: 4-0
(4) Њујорк Никс - (5) Атланта Хокс Резултат: 1-4
Полуфинале на конференција Западна конференција полуфинале (1) Јута Џез - (4) Лос Анџелес Клиперс Резултат: 2-4
(3) Денвер Нагетс - (2) Финикс Санс Резултат: 0-4
Источна конференција полуфинале
(1) Филаделфија Севентисиксерс - (5) Атланта Хокс Резултат: 3-4
(3) Милвоки Бакс - (2) Бруклин Нетс Резултат: 4-3
Наводи
Поврзано НБА сезона 2020-2021 НБА финале 2021
2021