Јордан Димитровски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувал од селско сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Подоцна работел како помошен службеник во општината Вратница. Бил поврзан со напредното движење и рационално ја користел својата должност во полза на НОВ. Прибирал важни информации во општината и им ги пренесувал на партизаните и партиските заднински работници. Бил член на селскиот Народноослободителен одбор. Во втората провала на Шар Планина, бугарската фашистичка полиција го затворила и го префрлила во скопската централна полиција. Во затворот бил подложен на ѕверско мачење. Но, без оглед на тоа останал доследен на себе си и своите идеали, не отворајќи уста и не оддавајќи ниту еден од соборците. Збеснати од неговото јуначко држење, бугарските фашистички окупатори без судење го одвеле на Лепенец и во април 1944 година го стрелале.

Поврзано

Лазо Јанчевски

Наводи

Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ