Ао (дневна светлина) ― едно од главните богови кои се неродените сили на природата во маорската митологијата. Ао е персонификација на светлината, облаците и обичниот свет, наспроти темнината (По) и подземјето.

За него се зборува под многу облици или прикажувања, вклучително и Аотуроа (траен ден, овој свет) и Аотахи (светол ден, свет на светлина и живот). Со неговите придружници Ата (утро) и Фаитуа (простор) Ао им се спротивставува на силите на темнината.

Генеалогија Ао се појавува еволурајќи преки облиците на Аонуи, Аороа, Аоуенеке, Ао-уетара од темнината како дел од големите космолошки генеалогии во традициите на Те Арава, како дел од создавањето на универзумот.

Аонуи, Аороа, Аопоури, Аопотанго, Аофетума, Аофекере, Аокахиуахиуа, Аоканапанапа, Аопакакина, Аопакареа и Аотакауе исто така биле атуаските имиња кои биле облаците од невремето, децата, од Тафириматеја, кои биле испратени да ги казнат неговите браќа по разделбата на неговите родители, Ранги и Папа.

Во верзијата запишана од Хукики Те Ахукарами, главатар на Нгати Раукауа, Те Ао е роден од Те Ата, што и самиот потекнувал од темнината. Последниот облик на Ао во верзијата на Хакики е Те Ао Марама. Слична е и верзијата дадена од Каи Таху од Моераки.

Сеполинезиски Во Тахити, Аонуи бил престојувалиштето на Тане во небото, и Аоаомараија е откривач на огнот; слична улога има и Мауи во другите делови на Полинезија.

Поврзано Ио Матуа Коре

Наводи

Белешки

Извори

Категорија:Маорски богови