Ангеле Јорданов Каимов ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, а подоцна се занимавал со земјоделство. На 21 септември 1944 година по ослободувањето на Македонија, стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која заминал на Косово, со цел да бидат ликвидирани балистичките банди. Потоа заминал на север каде завршил тримесечна воено-политичка обука. На 12 април 1945 година, тој учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт. Загинал во јуришот кај Врпоље, 16 април 1945 година. Бил закопан во градот, за чие ослободување го дал и својот живот.
Поврзано
Стоилко Каимов
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ