СУГС „Браќа Миладиновци“ (целосно име: Средно училиште на Град Скопје „Браќа Миладиновци“) — средно училиште во Драчево, Општина Кисела Вода.
Основање и развој Училиштето е основано како Гимназија „Браќа Миладиновци” од Собранието на Општина Драчево на XIV-та заедничка седница на Општинскиот собор и Соборот на Работните заедници одржан на 01.06.1964 година. Дејноста на Гимназијата е верифицирана со акт бр. 11-139/1 од Секретарјатот за образование и наука- Скопје. Наставата во училиштето започна на 01.10.1964 година со 85 ученици распоредени во 3 паралелки. Потребите од средно образование во населбата Драчево доведе до постојано зголемување на бројот на ученици , а со тоа се зголеми и бројот на професорите и техничкиот персонал. Од учебната 1982/83 година во средното образование на СРМ се воведоа нови наставни планови и програми, односно започнало остварувањето на концептот за средно насочено образование. Потоа, името на установата било Државно училиште за средно образование „Браќа Миладиновци“. Денес училиштето е верифицирано како Средно училиште на Град Скопје „Браќа Миладиновци“ во кое се изучувани следните образовни профили:
Гимназиско образование Земјоделско-ветеринарна струка техничар за фармерско производство - техничар за хортикултура - лозарско – винарски техничар - ветеринарен техничар СУГС „Браќа Миладиновци“ брои вкупно 975 ученици распоредени во 35 паралелки. Од нив 14 паралелки припаѓаат на гимназиското образование,а 10 паралелки припааѓаат на ветеринарните техничари. Техничарите за фармерско производство се распоредени во седум паралелки. Три паралелки припаѓаат на техничарите за холтикултура, а од учебната 2005/06 за првпат во една паралелка ќе се запишат и лозаро-винарски техничари.
Учество на натпревари Освоени награди Познати личности кои учеле во ова училиште Наводи
Надворешни врски Прво службено мрежно место на училиштето Второ службено мрежно место на училиштето Портал за основните и средните училишта во Македонија службено мрежно место на Министерството за образование и наука
Браќа Миладиновци Драчево Категорија:Појавено во 1964 година во Македонија