Натпреварите во џудо на Летните олимписки игри 2020 во Токио предвидено е да се одржат од 24 до 31 јули во арената Нипон Будокан и на нив ќе учествуваат 393 џудисти во 15 категории, седум во машка и женска конкуренција како и во новата мешана тимска категорија. Летните олимписки игри 2020 беа одложени во март 2020 година и преместени за во 2021 година како резултат на пандемијата од КОВИД-19.

Жребот за натпреварите во џудо бил извлечен на 23 јули, а најдобрите осум во секоја тежинска категорија биле носители во жрепката.

Квалификации

Вкупно 393 џудисти можат да се квалификуваат за ЛОИ 2020. Секој национален олимписки комитет може да пријави 14 натпреварувачи (по еден во секоја категорија). Домаќинот Јапонија има загарантирано место во сите 14 категории, додека 20 места се достапни до националните олимписки комитети преку покана од страна на Трипатритната комисија (валјд карта).

Преостанатите места на олимпискиот турнир се пополнуваат преку квалификациски процес на кој џудистите обезбедуваат место на игрите преку светската ранг листа подготвена од страна на меѓународната џудо федерација на 28 јуни 2021 година, и финализирана на 5 јули. Најдобрите 18 натпреварувачи во секоја тежинска категорија директно се пласираат на игрите, но секој национален олимписки комитет е должен да пријави само еден џудист по категорија. Доколку националниот олимписки комитет има повеќе од еден натпреварувач во најдобрите 18 на светската ранг листа, националниот олимписки комитет може да одлучи кој натпреварувач да обезбеди учество на игрите.

Дополнителни континентални места (13 машки и 12 женски за Европа, 12 од двата пола за Африка, 10 машки и 11 женски за Пан Америка, 10 од двата пола за Азија, и 5 од двата пола за Океанија) исто така се достапни. Овие места се доделени преку список на сите натпреварувачи на секој континент за сите категории во двете конкурекции. На овој начин се квалификуваат најдобро рангираните натпреварувачи кои немаат обезбедено учество притоа држејќи се до правилото еден натпреварувач по НОК како и дополнителното правило дека секој НОК може да квалификува само еден натпреварувач преку континенталните места (на овој начин се осигура дека 100 различни национални олимписки комитети се застапени во квалификацискиот процес).

Пол Ден 1 2 3 4 5 6 7 Мажи Тежинска категорија 60 66 73 81 90 100 +100 Учесници Жени Тежинска категорија 48 52 57 63 70 78 +78 Учесници

Распоред на натпревари

К Елиминации и четвртфинале Ф Репасаж, полуфинале, натпревар за златен и бронзен медал Категорија↓/Датум→ Саб 24 Нед 25 Пон 26 Вто 27 Сре 28 Чет 29 Пет 30 Саб 31 Мажи Мажи до 60 кг К Ф Мажи до 66 кг К Ф Мажи до 73 кг К Ф Мажи до 81 кг К Ф Мажи до 90 кг К Ф Мажи до 100 кг К Ф Мажи над 100 кг К Ф Жени Жени до 48 кг К Ф Жени до 52 кг К Ф Жени до 57 кг К Ф Жени до 63 кг К Ф Жени до 70 кг К Ф Жени до 78 кг К Ф Жени над 78 кг К Ф Тимски мешано Мешано тимски К Ф

Земји учеснички

22x20п|граничник|алт=|врска= Олимписки тим на бегалци (6)

Извор:

Освојувачи на медали Табела на медали

Наводи

2020 Категорија:Спортови на Летните олимписки игри 2020