Вилдесхаузен (; ) — град и административно седиште на округот Олденбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа во средишниот дел на Природниот парк „Вилдесхаузер Гест“, сместен на реката Хунте.
Географија Местоположба
Вилдесхаузен се наоѓа во областа на Клопенбургер Гест. Се граничи на југозапад на округот Фехта, додека остатокот од градскот подрачје се граничи со различни општини во округот Олденбург.
Вилдесхаузен е окружен град на Олденбург и средиште на областа. Блиски поголеми градови се Олденбург на север (околу 30 км), Бремен на североисток (околу 30 км) и Оснабрик на југ (околу 70 км). Вилдесхаузен се наоѓа во метрополитенската област Северозапад.
Соседни општини
Градот се граничи со следниве општини (од север надесно): општината Детлинген, општините Принцхефте, Винкелзет и Колнраде (сите во општинската заедница Харпштет), општината Голденштет, општината Фисбек, како и со општината Гросенкнетен.
Градски единици
Покрај градското јадро, кое е поделено на три дела (Штат I, II и III), како и од областа која го опкружува (Landgemeinde). Во тоа подрачје се вклучени помали села или имоти.(бројот на жители од 1 јануари 2017 година во заградите)Stadt Wildeshausen: Bauerschaften Abgerufen am 22. September 2020.:
Алдруп (30) Аумиле (287) Барглој (102) Бирен (52) Денгхаузен (12) Дингструп (201) Гармхаузен (19) Глане (31) Ханштет (46) Хајнефелде (40) Хестерхеге (57) Холцхаузен (165) Клајненкнетен (173) Ломиле (60) Лирте (174) Пеструп (17) Шпаше (7) Телштет (58)
Историја
Во 1648 година, Вилдесхаузен и околниот округ биле предадени на Шведска, во рамки на Вестфалскиот мир, кога бил доделен како феуд на Густав Густавсон аф Васаборг, непризнаен син на кралот Густав Адолф. Во 1679 година, по договорот од Нимвеген, бил заложен на Минстер, за заем од 100.000 риксдалери.
Политика Градски совет
Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 15.001 и 20.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 9. Dezember 2011. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:Sitzverteilung des Stadtrates nach der Kommunalwahl 2016.
Партија/Листа Места SPD 9 CDW-фракција 6 CDU 4 UWG 6 GRÜNE 2 FDP 2 LINKE 1 PIRATEN 1 EWV Шулце Теминг-Ханхоф 1
Во април 2018 година, четворица членови на CDU се одвоиле и основале фракција. На почетокот на мај 2018 година, уште двајца други членови се одвоиле од CDU и се приклучиле на фракцијата.
Градоначалник
Градоначалник на градот Вилдесхаузен е Јенс Курашински.
Збратимени градови
Вилдесхаузен е збратимен со следниве градови:
Еврон, Франција Хартфорд, Велика Британија
Познати луѓе
Вигалд Бонинг — комичар и глумец Џејкоб Макерхајде — политичар
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Олденбург (округ)