Тодор Трајка Станковиќ ( во — во ) — македонски и српски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Се преселил во Маџари, Скопско. Во НОВ и ПОЈ стапил во јули 1944 година, во Единаесеттата бујановачка бригада со која се борел во Скопска Црна Гора против силните балистички сили. По основањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада продолжил да учествува во крвавите борби против балистичките банди и германските единици. По ослободувањето на Скопје заминал на Сремскиот фронт. Таму учествувал во сите борби. Храбро загинал во борбите против Германците на реката Дрина, во Босна.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ