Стоилко Велков Урдаревски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис мини|Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Стоилко Урдаревски Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со земјоделство и чување на овци и кози. На 21 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во крвави борби против балистите. Бил учесник во дејствијата против Германците кај Качаничката Клисура, како ѝ во разоружувањето на балистичките банди на Косово. На 12 април 1945 година, тој учествувал во големата пролетна офанзива против Германците и во пробивот на Срем. Во натамошните борби против непријателот, во битката за ослободување на Банова Јаруга, храбро загинал на 25 април 1945 година. Бил закопан на местото каде што загинал.
Поврзано
Александар Урдаревски Трипун Урдаревски Санде Урдаревски Живко Урдаревски Никола Урдаревски Стојан Урдаревски Неделко Урдаревски Благоја Урдаревски Љубе Урдаревски Младен Урдаревски Перо Урдаревски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ